Симболите на Македонија

Со текот на времето панславистичката пропаганда ги заменила местата на македонскиот и бугарскиот лав и му ја одзела круната на македонскиот во корист на бугарскиот.

Препорака до македонските првенци, за да не помисли народот дека се „скарани “ со книгите: кога ќе иаат слободно време, меѓу многутtе политички кампањи и ангажмани да ги прелистаат монографиите „Грбовите на Македонија“ од академик Александар Матковски и „Симболите на Македонија“ од проф.Јован Јоновски, со цел подобро да се снаоѓаат и во времето и во просторот.

Народите се препознаваат по симболите, по обичаите и традиционалните обележја, негувани и одржувани од многу поколенија. Преку проткајувањето на историското наследство  и творечките остварувања на современиците се гради култот на една автохтона нација. Развојните духовни процеси на македонскиот народ ги бележиме во континуитет во изминатите бурни столетија. Токму затоа, познавањето на симболите е од особено значење. За секоја држава: знамето, грбот и химната се стожерни симболи, со кои народот се поистоветува, ги слави и со нив се гордее. Затоа изучувањето на хералдиката и вексилологијата е од државно значење во целиот цивилизиран свет.

Државните симболи се одраз на историските традиции на државотворниот народ и доказ за континуитетот на неговиот идентитет, а јазикот на државните и на националните симболи е огледало на светската историја. Првите државни симболи се јавуваат на Исток, во Азија, каде што се создадени и првите држави. Едноглавиот орел е симбол во Месопотамија. Подоцна служел како воено обележје и царска ознака кај Персијците, прифатен е од хелените како амблем на Зевс, а потоа и од римјаните. Од времето на Јустинијан Први орелот е веќе двоглав. Тој е симбол на обединувањето на Западната и Источната Римска империја. Прифаќањето на орелот како симбол на моќ е поврзано со владењето на една или друга држава. Денес орелот е симбол на повеќе држави во светот. Амблемот не е само одраз на моќ, туку и желба за моќ. Затоа тој е симбол  и на големи и на мали држави. Истото е и со симболот лав, кој е присутен кај Македонците и кај Бугарите.

Македонија има големо историско и културно наследство и богатство со  специфични и препознатливи симболи. За оваа констатција најилустративно говори делото „Симболите на Македонија“ од Јован Јоновски, кое според моето убедување претставува современо истражување и проучување на македонските симболи како низ историјата така и денес, зашто во него се разработени значајни аспекти од развојот и примената на симболите во нашата држава. Она што особено ја прави оваа книга значаен зафат е авторскиот сериозен, сеопфатен и научен пристап кон хералдиката и вексилологијата. Јоновски на хералдиката ѝ пристапува како на самостојна мултидисциплинарна наука која во себе опфаќа историски, културолошки, социјални и правни односи меѓу грбовите со нивните грбоносци. За ова сведочи поглавјето на живата хералдика претставена од месно – хералдичкиот систем на Македонското хералдичко здружение и секако, обидот на авторот да обработи и обемен терминолошки материјал.

Светски познатиот научник и специјалист за оваа проблематика Мишел Попоф вели дека симболите на колективното живеење имаат посебно место, особено кога станува збор за идентификацијата и за идентитетот на една нација. Централно место заземаат државните симболи како средство за идентификација со историјата, културата, вредностите и со надежите на една земја... Сега и Македонија со ова издание ја потврдува водечката улога на македонските симболи во европската хералдика. Денес, кога тие симболи се негираат од политички причини, а со тоа и македонската историја и идентитет, мора да се потсетиме дека во создаваните илирски грбовници од пред неколку векови,македонскиот грб заземал централно место, а македонскиот лав бил со круна. Додека,на пример,бугарскиот лав се наоѓал на многу пониско ниво и е без круна. Но, со текот на времето панславистичката пропаганда ги заменила местата на македонскиот и бугарскиот лав и му ја одзела круната на македонскиот во корист на бугарскиот. На тој начин уште во осумнаесетиот век почнува  фалсификувањето на македонските симболи и на македонската историја.

Со книгата „Симболите на Македонија“ авторот го продолжува пионерскиот зафат на академик Александар Матковски, остварен во седумдесетите година на минатиот век со  научниот труд од капитално значење „Грбовите на Македонија“. Делото на Јоновски е напишано со популарен стил и е поткрепено со илустративен материјал што го прави податливо и интересно четиво. Во него се наоѓаат многу одговори во врска со симболите на Македонија и претставува основа за нови понатамошни научни истражувања.

Во оваа пригода ќе упатам и препорака до македонските првенци, за да не помисли народот дека се „скарани “ со книгите: кога ќе имаат слободно време, меѓу многутте политички кампањи и ангажмани да ги прелистаат овие две дела, со цел изворно да се запознаат со македонските симболи. Научното дело на Матковски е објавено во 1970 година, пред да се родат повеќето млади и амбициозни македонски политичари, а монографијата на Јоновски е од понов датум и е публикувана во 2015 година. Ако некои од нив се зачленети во градските библиотеки на Македонија, книгите може да ги позајмат, како и сите обични членови. Но, ако сакаат да ги поседуваат во своите домови, може да се одважат и да си ги купат во книжарниците. И така,кога ќе пречекуваат гости од соседните држави или тие кога ќе патуваат во возвратни посети, ќе можат да бидат рамноправни со соговорниците и многу горди на нашите национални симболи.

Раде Силјан

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе