Што станува со високото образование и наука во Македонија

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

Се поставуваат многу прашања во потсистемот високо образовние, од тоа, како се применува Законот за високо образование, Законот за научно-истражувачки дејности... На светските ранг листи нашите македонски универзитети се наоѓаат на маргините за квалитет и евалуација. Во повеќе наврати ја прашував министерката Цароска, и повторно ја прашувам министерката за сè освен за образование и наука: што правите министерке? Кога планирате да посетите еден приватен или државен универзитет во Скопје и да видите како се применува Законот за високо образование? Законот за научноистражувачката дејност? Или, можеби имате поинаква перцепција од суровата реалност? Многу прашања, малку одговори или одговори во магла! Одговор и не очекувам. Очекувам да ја ефектуирате оставката и да заминете од Министерството за образование и наука. Час поскоро.

Деновиве од темнината на образованието и науката, како светла точка се појавуваат  шестте македонски научници (Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабовски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов) кои се најдоа на листата на топ два (2%) отсто научници во светот и тоа изработени од Универзитетот Стендфолд во САД. Гордост во науката.

Што покажува практиката со состојбите во високото образвание и науката

Ако ги слушаме одговорните на универзитетите во Македонија, тие истакнуваат дека сè уште се прават иновирање на структурата и структуралните основи на наставните планови  и програми кои се базираат на современи тенденции во образованието за европски интеграции. Затоа, кога говорат за иновирање или реформирање на образованието како процес, треба да имаат предвид неколку аспекти.

Во прв ред образованието е ресурс која создава ресурси и има трансфер во сите сфери на живеењето и дејствувањето, унапредувањето и осовременувањето. Ќе го цитирам Бенџамин Френклин: „ Инвестицијата во знаењето дава најдобри камати“. Од овие причини образованието треба да биде предмет на проучување, истражување и валоризирање во сите степени и сегменти кои ќе дојдат до релевантни податоци дека постојано се менува, постојано е пред нови предизвици кои бараат да се следат и имаат предвид во неговото реформирање, иновирање, и трансформирање.

Треба да се напомене дека на подрачјето на Република Македонија, не постои научна институција која го третира проучува и истражува образованието. Отсуствува конзистентна и научно заснована визија, односно стратегија за развој на високото образобвание и науката, проследена со програма за среднорочен развој на високото образование и на научноистражувачката дејност, како и со акциски планови за нивно остварување.

Евидентен е процесот на намалување на научно-истражувачките капацитети, изразени преку стагнација во обновувањето на наставно-научен кадар, замирање на институтската работа, гаснење на истражувачките јадра во стопанството и непостоење на соодветна научна инфраструктура.

Примената на Болоњскиот процес не ги дава очекуваните ефекти, поради запоставувањето на некои од неговите суштински компоненти, кои особено се однесуваат на подобрување на квалитетот на високообразовната и научноистражувачката дејност на универзитетите и отсуство на суштинските промени во системот на нивното финансирање, организирање и управување.

Високото образование и нивните промени, главно се сведени на проширување на опфатот на студенти,  преку разграничување и хипертрофија на универзитетската мрежа - 24 универзитети со над 130 факултети и над 600 (се спомнува бројка и од 2.000) студиски програми и формирање бројни дисперзирани центри, без добро подготвена аналитичко-предвидувачка основа и расправи, посебно од аспект на критериумите и стандардите на квалитет и на потребите на пазарот на трудот. Со овие квантитативни ефекти, изостанува настојувањето за подигање на квалитетот на студиите на високото образование.

Наспроти законската обврска за редовна реакредитација на високообразовните институции (најмалку пет години), не се врши никаква систематска контрола над законитоста на работењето на универзитетите (како приватни и јавни универзитети - и нивните единици) некои од нив го уриваат квалитетот и ги компромитираат критериумите за квалитет, како во образовна така и во научна дејност.

Одредени универзитети добиле акредитација, а не ги исполнуваат основната норма за изведување на високообразовна дејност. Некои универзитети имаат само по неколку редовно вработени професори, а имаат пет или повеќе факултети и многу студиски програми, за кои  се дадени акредитации, а некои добиени акредитирани студиски програми дури се во мирување, некои немаат просторни услови, немаат лаборатории, немаат можност за изведување на настава и вежби имаат само запишани студенти. За сето ова запознати се сите досегашни министри за образование, Агенцијата за квалитет во високото образование и нивните тела, Одборот за акредитација и Одборот за евалуација, политизираниот Државен просветен инспекторат... Но, ништо не се преземаат. Всушност, истите го подржуваат образовниот криминал. Мора да се напомене дека длабоко во образованието е влезена политиката, овие универзитети кои се формирани, како што се: Универзитетот „Мајка Тереза“- Скопје, Информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“-Охрид, Универзитетот Тетово-Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово, Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, формираните приватни универзитети како што се: приватниот универзитет во Струга, приватниот универзитет МИТ во Скопје, ФОН универзитетот Скопје, приватниот Европски универзитет- Скопје, приватниот Универзитет за туризам и менаџмент, приватниот Славјански универзитет-Свети Николе, приватниот Меѓународен балкански универзитет во Скопје, приватниот Визион универзитет-Гостивар, приватниот универзитет Еуропа прима -Скопје... За жал, политиката го диктира образованието во Македонија. Ваквиот начин драстично го намалува квалитетот на високото образование во нашата држава.

Високообразовните и научни институции во земјата не вршат редовна внатрешна евалуација, а примерите од надворешна евалуација, главно се исклучок.

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

Бизнис – секторот е сосема маргинализиран во процесот на стратегиското планирање и програмирање, управување, управување и финансирање на образованието и науката, што доаѓа до евидентна неусогласеност на високото образование со потребите на пазарот на трудот.

Јавните вложувања во образованието се одржуваат на ниско ниво. Додека во Европската Унија тие изнесуваат околу 5% од БДП, а во земјите од регионот  околу 4%, показателот за Македонија е под просек во регионот. Индикаторот за научно-истражувачка интензивност- учество за вложување за истражување и развој во БДП изнесува само 0,22% и  е меѓу најниските во регионот.

Не постои добро осмислен систем на финасирање на високото образование и науката. Постојниов систем се базира на палијативни, често проследени со дискрециски нелогични и aд хок решенија на централната власт, кои не гарантираат стабилни извори на средства за нормално функционирање на високообразовната и научноистражувачката дејност во земјата.

На крај би завршил со големиот Нелсон Мандела: „Образованието е најмоќното  оружје што можете да го употребите за да го промените светот“.

 

Ѓорѓи Илиевски,

виш просветен инспектор во пензија

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе