Што не е јасно премиерe Заев?

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

За моите констатации за неправилности во високото образованире добивав закани и барања да се сокријат овие скандали.

Во последниве неколку месеци, поточно од втората половина на април, по сите портали, медиуми се пишуваше за скандалите во високото образование за незаконските унапредувања во наставно-научни звања на јавни државни функционери и тоа министри за образование и наука, заменик министер за  внатрешни работи, за незаконски земање на парични средства... Вие лично премиере Заев бевте запознати, како и вашиот коалициски партнер Али Ахмети. Ви пишував отворени писма со што сакав да ве запознам за да преземете соодветни мерки да се почитува законитоста подеднакво за сите без разлика дали се функционери или не. Што е европска практика.

Што не е јасно сега господине Зоране Заев? Ништо не презедовте. За моите констатации добивав закани и барања да се сокријат овие скандали. Што не е европска практика. Добив санкција за моето законско и прфесионално работење. Наместо награда. Добив шиканирање и деградирање на моето работно место. Која е пораката за оние кои работат законито? Испративте лоша порака - оние кои ќе работат според законот ќе бидат казнети, за оние кои имаат поинакво мислење ќе бидат избркани од работа или префрлени на работни места за да можат да ја напуштат својата работа.

Тоа е праксата кај нас. 

Само од македнската јавност (Македонци, Албанци, Турци и други), од пишаните и електронски медиуми добивав поддршка. Вие бевте лично инволвиран во тие незаконитости.

Што не е јасно премиере Зоране Заев? Не е европска практика институциите партизирано да функционираат, да не смеат да преземаат никакви чекори. Се кријат, не ни функционираат институциите кои се под вас премиере, и оние кои се под Али Ахмети. Едни одговараат пред вас, другите пред нивниот поглавар, согласно пропишаните закони. Нема професионален однос во работата. Законот треба да важи за сите еднакво и да се почитува.

Повторувам, тоа во практиката не се применува. Што не е европска практика.

За ова господине Заев беше и пораката на комесарот Хан кој изјави: „треба да имате реформи, борба против корупцијата“, а дома си продолживте по стара шема. Корумпираност, рекет 1, рекет 2, канабиси,тендери, што беше ова... Што не е јасно? За ова во друга прилика. И за други коктели.

За овие скандалозни состојби запознати се и странските институции, кои се во македонската држава и тоа француската, холандската, германската амбасада  како и канцеларијата на Европската Унија во Скопје, како и со други странски експерти во однос на овие образовни скандали. Се чудат на сите постапки за непочитување на европските вредности, политизација на институциите, заробеност и плашење. Среќен сум што наидов на големо разбирање и поддршка од страна на амбасадите.

Сега што не е јасно господине Зоране Заев?

Францускиот амбасадор во нашава држава Кристијан Тимоние во повеќе наврати говореше и укажуваше меѓу другото, парафразирам: „...да се посветиме на законитоста, и да профункционира правната држава за сите еднакво, борба против корупцијата, а со самото тоа ќе дојде и она што е стремеж на вашата  држава...“. Што не е јасно господине Заев? Со непочитување на правото, корумпираноста на институциите, непрофесионалноста во работата доаѓа и бесперспективноста на младите, азиланство... Со политички прогони не може да се интегрираме во европското семејство.

Што не е јасно Заев? Кој ни е крив? Европа за недобивањето датум за преговори за Македонија? Вината да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери. Вие не ги извршивте домашните задачи потребни за европските стандарди. 

Сега треба да ви биде јасно кој е виновен.

 Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе