Полемика

Што ако Каракачанов стане премиер?

(Реакција на колумната на Наум Кајчев „За Гологанови и нашата општа историја - 2“, објавена на 5 октопмври на МКД.мк)

При недостиг на аргументи во една дебата лесно е да се прејде во емотивност и омаловажување на противникот. Во таква ситуација противникот не само што се нарекува млад, туку е и жена, е аматер и слично.

Можеби треба да му се заблагодарам на Наум Кајчев што ми припишува поголемо значење отколку што имам. Јас не верувам дека мојата колумна прочитана од стотина читатели во Македонија, и сигурно никој во Бугарија, ќе ги влоши односите меѓу двете земји. Целта на мојата колумна е обратна - да се најде разбирање кај членовите на бугарската комисија, што работи заедно со македонските колеги на решавање на проблемските прашања меѓу Македонија и Бугарија, и за македонските ставови.

Моја надеж е бугарската страна да најде разбирање и за загриженоста кај населението во Македонија. Нивната загриженост е околу следното: што ако не се најде компромис за прашањата кои бугарските политичари ги имаат подвлечено како црвени линии и со тоа го блокираат членстово на Македонија во НАТО и ЕУ.

Ако некој има вистинито влијание на односите меѓу двете земји тоа е вицепремиерот на Република Бугарија, Красимир Каракачанов. Неговите изјави имаат подалекосежно влијание од дилемите и прашањата покренати во мојата колумна. Кога премиерот на една држава не може да ја извршува својата функција, тој автоматски се заменувва со вицепремиерот. Во случајот на Бугарија тоа ќе биде Каракачанов. Ако дојде до една таква ситуација тогаш моите дилеми и прашања и те како ќе бидат оправдани. Сите ние, како во Македонија, така и во Бугарија, треба да сме загрижени доколку ултранационалистите во Бугарија дојдат на власт.

Од моја страна јас би сакал да ја затворам дебатата со едно последно прашање до Наум Кајчев: кое е неговото лично сфаќање за тоа дали денес постои такво нешто како македонски народ, јазик и македонско малцинство во Бугарија?

Јован Христовски

П.С. Пошто Наум Кајчев досега немал прилика да се запознае со моите трудови би му препорачал неколку од моите колумни во МКД.МК:  Македонци гнили конци, Бугарското илинденско преображенско востание, Вистинити и вештачки нации на Балканот и Трговија со идентитети.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе