Самоилово, македонско царство

Македонското царство го носеше името бугарско царство, но тоа беше политичко име и не се совпаѓаше со етнографскиот состав на Самоиловата држава.

Н. Г. Браилсфорд во делото „Македонија и нејзините народи”, Манчестер 1905, го пишува следното: „За време на третиот цар Самоил источните провинции беа изгубени, но царството се одржа главно во западните делови, со главен град Охрид, каде што остана независно до 1018 година. Но тоа царство дефинитивно беше македонска држава и Охрид доби сентиментален престиж кај македонските славјани кој го има задржано и до ден денес”.

Браилсфорд тука не ни дава пошироко објаснување зошто, спрема него, Самоиловото царство е македонско, а не бугарско. За разлика од Браилсфорд, неговиот современик српскиот византолог Др. Божидар Прокиќ во неговиот труд „Постанак једне словенске царевине у Маћедонији у Х-веку“, Белград, 1907 година, доставува обемна аргументација зошто тој, како и Браилсфорд, велат дека Самоиловото царство беше македонско. И не само тоа, туку тој тврди дека веќе во 7, 8 и 9 век има зачетоци на формирање на посебен етницитет кај македонските славјани кој се разликува од етницитетот кај тогашните српски и бугарски славјански племиња.

За разлика од него, бугарскиот историчар Марин Дринов (1836 – 1906) заедно со неговите бугарски следбеници, тврдат дека Самоиловто царство не е ништо друго туку обновено Преславско бугарско царство. Со други зборови, Дринов мисли дека Самоиловото царство е бугарско царство.

Ставовите на Прокиќ дека македонските славјански племиња уште пред 10-от век можат де се опишат како посебен етницитет, наидуват на критика кај словенечкиот византолог Јадран Ферлуга (1920 – 2004) кој мисли дека етничките моменти во трудовите на Прокиќ се често претерани и набљудувани од гледна точка на националните чувства во 19 и 20 век.

Критиката на Ферлуга за ставот на Прокиќ е, според мене е неоснована затоа што српскиот историчар како Србин немаше зошто да нагласува дека постои посебен македонски етницитет кога знаеме дека неговиот труд е издаден во 1907 година кога српската пропаганда беше многу силна во Македонија и која тврдеше дека населението во Македонија се Срби.

Затоа сметам дека треба да ги прифатиме трудовите на Божидар Прокиќ како ослободени од влијание на една или друга пропаганда, односно како трудови на еден историчар и научник.

Еве што друго напиша Прокиќ во делото „Создавањето на едно славјанско царство во Македонија во 10 век“.

„Западните славјански племиња под влијание на византиската култура очигледно се разликуваа од источните славјански племиња кои беа окупирано од Протобугарите. Јасно е дека западните, македонските славјани, никогаш не беа политички асимилирани од Бугарите. Овие политички разлики беа настанати како резултат од културните и етнографските разлики кои се створија со инвазијата на Протобугарите. Тука голема улога одигра и религијата. Додека христијанството се прошири кај славјаните кои беа под Византија, кај источните племиња се задржа старата религија сѐ до 9 век. Разликите постоеја и во обичаите. На пример, обичајот слава кој го има кај македонските славјани и Србите, го нема и ден денес кај Бугарите.

Во 864 година царот Борис официјално го воведе христијанството во Бугарија, но народот уште долго беше противник на новата религија и ја зачува старата. Кога Климент и другите ученици на Климент и Методија дојдоа во Бугарија, Борис не ги задржа туку ги пушти за Македонија, каде постоеја подобри услови за нивната работа.

Целосното освојување на Македонија од страна на Бугарија се оствари за време на владеењето на Симеон (893 – 927). И покрај тоа македонските племиња зачуваа некаква полунезависност, не само за време на владеењето на бугарските цареви, туку и за време на византиското владеење. Македонските кнезови кои управувва со македонските племиња за време на бугарското владеење имаа целосно самостојна внатрешна управа и плаќаа данок на бугарските цареви.

Принципот на владеење беше различен во Македонија и воБугарија. Во Македонија се практикуваше задругарска власт која беше поделена меѓу кнезовите. Во Бугарија тој принцип беше уништен со доаѓањето на неславјанските Бугари. Протобугарите имаа деспотска држава основана на државноправни принципи кои беа сосема спротивни од принципите на власт кај славјанските племиња.

По смртта на бугарскиот цар Симеон во 927 година, под слабата власт на неговиот син Петар, на запад незадоволните славјани покренаа движење за отцепување од бугарското царство и за самостоен живот. Првото востание против бугарската власт кај македонските славјани избувна во 929 година.

Цар Петар почина во 969 година и истата година избувнува второто востание во Македонија против бугарската власт. Четворицата браќа кнезови, Давид, Мојсиј, Арон и Самоил, успешно го изведоа востанието и создадоа свое независно кнежевство. Тоа се одржа до 973 година кога Византија успеа да го освои македонското кнежевство и кнезовите станаа вазали под Византија.

По смртта на византискиот император Јован Цимиски во 976 година, Давид, Мојсиј, Арон и Самоил организираа востание против Византија и ја ослободија Македонија, но не и Бугарија. Наскоро Самоил остана сам како единствен владетел во Македонија. Проширувањето на Самоиловото царство се одвиваше претежно кон запад. Западните племиња кои беа етнички блиски, сакаа да се доближат и политички да се соединат. Самоил војуваше и на југ каде беа населени сродните племиња - Велеготите во Тесалија, Војините во Епир, па сѐ до Пелопонесос каде беа населени Милинзите и Езераните.

Самоил никогаш не војуваше во Источна Румелија, ниту пак во Дунавска Бугарија. Откако Самоил го зазеде Преслав и со тоа можеше да се круниса за цар, тој ја предаде Бугарија без борба на Византија. Но, Самоил никогаш не го направи Преслав за главен град. За време на самоилово владеење, Охрид беше престолнина на неговото царство. Од 976 до 986 и од 1000 до 1018 година Самоиловото царство се состоеше без Бугарија и Бугари.

Кралските или царските титули за време на Самоил не се доделуваа така често и полесно беше да се дојде до една постоечка титула, отколку да се добие една нова. Како што Германците мораа да го освојат Рим за да ја добијат кралската титула, така и Самоил мораше да го освои Преслав за царската титула.

Македонското царство го носеше името бугарско царство, но тоа име беше само политичко и не се совпаѓаше со етнографскиот состав на Самоиловата држава. Исто така беше и политичкото име на германското царство (Римско царство) кое не одговараше на етнографските односи во неа.

Византија во Западниот Балкан регионите населени со славјански племиња ги нарекуваше Славинија. Во Славинија влегуваше Македонија, но и Епир, Тесалија  и Пелопонесос. Тоа се потврдува и од историчарот Теофан, кој во 687 година прави разлика меѓу Славинија и Бугарија. Исто и патријархот Никофор во 688 година го населението околу Солун го нарекува Славјани и истото го разликува од Бугарите. Попот Дукљанин во неговиот летопис за Самоиловото цараство (12 век) од своја страна населението во Бугарија го вика за Булгари, а населението во Македонија го нарекува Булгарини или граѓани на бугарската држава.

Во новосоздаденото славјанско царство во Македонија, Самоил за време на своето долго владеење од престолнината во Охрид, 976 - 1014 година, после многу победи над Грците, успеа својата власт да ја прошири и над бугарските земји и над сите српски земји. Тој со повеќе храбри походи се обиде кон своето царство да ги присоедини и сите останати подрачја каде живееја јужните Славјани, Епир, Тесалија, средна Грција и Пелопонесос.

 

Јован Христовски, историчар

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе