Република моја земја, Наша земја, Земјата која ја претставувам...

Неволноста на Заев да го употреби официјалното име на Македонија на средбата во Давос е несоборлив доказ дека тој и неговата инсталирана влада се подготвени да го сменат името.

На 24 јануари на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, лидерот на марионетската влада на Македонија, поставена од странски земји, Зоран Заев, се сретна со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, да разговара за грчко-македонските односи и за ирационалното грчко противење на историското и вистинско име на Република Македонија.

На заедничката прес-конференција одржана по средбата, Заев, во понижувачки обид да му се додвори на премиерот на земја која не ја крие својата желба да го избрише македонскиот идентитет, се надмина себе си во досегашните напори за „усогласување“ со своето сервилно и потчинето однесување. Покрај понижувачката изјава дека Македонија ќе го смени името на аеродромот Александар Велики и на главниот автопат во Македонија, кој исто така го носи името на Александар Македонски (постојат наводи дека новото име ќе биде „Автопат Пријателство“, но нема да коментираме за иронијата на ова), како гест на „добра волја“, Заев отворено индицира дека името на неговата земја, Македонија, ќе се промени за да се задоволи грчкото расистичко противење и да се олесни патот на Македонија кон „евро-атлантските интеграции“. Како поинаку да се протолкува фактот што во текот на целата прес-конференција, Заев, стоејќи покрај својот господар Ципрас, ниту еднаш не го спомна зборот „Македонија“ како име на земјата?

Додека лажниот левичар Ципрас арогантно постојано ја нарекуваше Македонија „Скопје“ и „ФИРОМ“, Заев ниту еднаш не смогна храброст - како да е воопшто потребна храброст за лидер на една нација да го употреби името на земјата која ја претставува - да го употреби името „Македонија“, нарекувајќи ја, наместо тоа, неразумно и сервилно, „мојата земја“, „нашата земја“ и „земјата која ја претставувам“. И во минатото постапувал вака, како во најскорешниот пример, минатата недела кога во Македонија го интервјуираше новинар на грчкиот ТВ канал „Алфа“. Неволноста, па дури и опсесивното одбивање на Заев да го каже името на својата земја пред грчките политичари е непромашлив доказ дека тој и неговата квинслиншка влада се подготвени да го сменат името на Македонија и со тоа да им зададат конечен удар на македонскиот идентитет, историја, јазик и култура, и со самото тоа, на македонското постоење како национална држава на македонскиот народ. Во исто време, Ципрас недвосмислено изјави дека покрај името, Македонија ќе мора да го смени и својот национален идентитет и јазик за Грција да ги „поддржи“ нејзините евроатлантски стремежи. Заев не ги оспори барањата на Ципрас, туку послушно климаше со главата како учениче кого го кара директорот на училиштето.

Го повикувам Заев да одговори на следните прашања: На која земја сте Вие наводниот лидер? Кое е името на таа земја во Уставот кој се заколнавте да го почитувате? Ќе продолжите ли да бидете лидер на „Република Моја земја / Наша земја / Земјата која ја претставувам“, или на Република Македонија? Кога ќе престанете да бидете сервилен пион на САД, НАТО, ЕУ, Грција, Бугарија и Албанија? Имате ли грам македонска национална гордост во себе, или ќе продолжите да бидете единствениот шеф на влада во светот кој одбива да го употребува официјалното име на земјата и да го изусти името на својот јазик и името на својот народ кога и да излезе од земјата и, сѐ почесто, дури и во неа?

Неволноста на Заев да го употреби официјалното име на Македонија е несоборлив доказ дека тој и неговата инсталирана влада се подготвени да го сменат името на Македонија по секоја цена, за да ги задоволат расистичките барања на Грција и на нејзините сојузници од ЕУ/НАТО/САД. Сепак, тој и неговото црно сценарио можат да се спречат преку соединето дејствување на Македонците од и надвор од Македонија. Затоа, ги повикуваме Македонците од целиот свет одлучно и истрајно да го одбранат вековното име на Македонија. Сите Македонци треба да се соединат во одбрана на нашето име. Придружете се на кампањата на ММДЧП „Нашето име е Македонија“ и на нашиот повик да ги прекинеме анти-македонските преговори за името. Одбранете го нашето право да постоиме како Македонци. Не му дозволувајте на Заев и на Западот да го денационализираат македонскиот народ. Македонија е сѐ што имаме!

Бил Николов, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе