Писмо

Протест на занаетчиите

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група занаетчии што се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

Почитувани,

Сведоци сме на незадоволство како занаетчии овие денови, како некој да сака да манипулира со нашите професии.

Ветувањата што ги слушнавме за помош за занаетчиите за помош во овој кризен период се одолжија.

Барањето на занаетчиите беше:

▪ Субвенционирање на плата и придонеси за месеците март, април и мај.

▪ Да бидат вклучени за бескаматен кредит со грејс период на 24 месеци преку Македонска банка за развој.

▪ Одложување на кредити од 6 месеци без дополнителни трошоци и камати во тој период.

Од сите овие мерки засега во ништо не е вклучен занаетчијата.

Освен субвенционирањето на плати за вработени само за април и мај, од кое парите треба да се вратат назад на завршна сметка во 2021 година.

Голем број здружени занаетчии

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе