петок, 29 март 2024

Промени во Данска: Палењето на Куранот ќе биде изрично забрането

Данската влада денеска поднесе изменет предлог-закон, па палењето на Куранот на нејзино тло ќе биде забрането, по приговорите упатени на првата верзија на предлогот поврзани со ограничувањата на слободата за изразување и потешкотиите во имплементацијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Предлог-законот е ограничен за специфично да биде насочен кон несоодветно третирање на списи од важно религиозно значење“, соопшти Министерството за правда.

Оригиналната верзија требаше да се однесува на сквернавење на сите предмети од важно религиозно значење.

Предлог-законот треба да биде разгледан на седницата на Фолкетинг, данскиот парламент, на 14 ноември.

На крајот на август, владата објави дека ќе биде донесен закон за ова прашање, откако случаите на палење на Куранот на тлото на Данска предизвикаа бес во муслиманските земји и ја загрозија националната безбедност.

Првиот нацрт-закон беше критикуван, од една страна, од оние кои веруваа дека со него се враќа криминализацијата на богохулењето, а од друга страна од правните експерти кои сметаа дека е тешко спроведувањето.

„Со измените предложени денеска, законот ќе биде полесно разбирлив, вклучително и за полицијата во судовите“, се вели во изјавата на министерот за правда Питер Хумелгард, нагласувајќи дека терористичката закана за земјата е зголемена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ