Продуховени Бугари лудуваат по македонскиот фолклор

Ова не сум го видел никогаш во моите 80 години.

Како секој што се враќа од белиот свет, така и мене не ми се доста сите убави настани од областа на народните традиции.

Оди на свадба, гледај како се веселат добрите луѓе, врати се дома, читај некоја книга и слушај музика. Денот голем, време за модерноте електронски медиуми во изобилство.

Особено внимание ми привлече моќната бугарска телевизиска станица „Родина”. 90 проценти македонски песни. Таму гостуваат и нашите големи пеачи, од Наум Петрески, Благица Павловска, Ефто Пупиновски, Сузана Спасовска, Анета Мицевска, Јордан Митев, Елена Андоновска и кој уште не. Со нивно или без нивно знаење, важно се бележи и веројатно се наградува. Во тоа сега не би навлегувал.

Некои продуховени Бугари се обидуваат да внесат позитивен дух со намера да го изгонат злодухот од овој дел на Балканот. Дали ќе бидат инфицирани од некоја потешка верзија на толку опасниот национализам, Господ знае. Се добива впечаток дека „Родина” е компонента на некоја европска програма, какви што постојат кај сите 27 членки на Унијата.

Што уште ми падна во очи кај нашите мили соседи? Па, тие пеат и на убав македонски литературен јазик. Прекрасно ги изговараат зборовите од новокомпонираните песни на покојните: Васка Илиева, Пепи Бавтировски, Јонче Христовски, особено Александар Сариевски. Едни чудесни вокали, како инкарнација на нашите бардови.

И што друго?

Па, сето тоа допира до масовна публика која ужива во песните. А тие најчесто се на литературен јазик. Што може да значи тоа? Дека тој јазик им е познат, го разбираат но од политички причини само си го шепотат? И тоа е можно. Распарчена Македонија со децении живееше како зад некоја железна завеса. Секако, можно е да има тука и некоја скриена намера. Но, сепак да гледаме позитивно, затоа што луѓето треба да си подаваат раце. Пеат македонски песни со душа и срце. Па, нека пеат. Идеал на големиот Анте Поповски беше со поезија да продреме во светот.

И што уште ми остави впечаток? Па, во таа Пиринска Македонија се остваруваат „идеалите” на нашите политички зевзеци. Демек, тие ќе го заштителе нашиот вековен идентитет? Знаат ли нашите тиквани што е тоа?

Еве им шанса да го видат тоа. Народните обичаи на брсјаците, мијаците, полјаните, струмјаните, ама од цела Македонија ќе ги видите во автентична костимографија, испеани, снимени, документирани. Некој им ја завршил работата на нашите алчни политички сматоци. Во овие пет години откако Зелкарит потпиша договор за добро соседство, тие таму не биле зафатени со имплементација на Преспанскиот договор и Тиранската платформа, туку засукале ракави и „го заштитиле нашиот идентитет”. Можеби ќе тврдат дека „сето тоа е наше”. Кој да го знае тоа.

Без разлика на ова политичко лудило за и околу Македонија, ми се допаѓа кога слушам и гледам распеан народ. Круна на мојот визуелен впечаток се песните во вид на мјузикл „Пеј, моме, пеј” на модерен македонски јазик што ги изведува еден млад Бугарин. Дали не е време за наша проактивна улога во ова натпевање? Да им го свртиме грбот на нашите политички трговци?

 

Божин Павловски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе