Претседателот, пејачот и картата на голема Албанија

Пред неколку дена претседателот на Собранието Талат Џафери при гостување во телевизиско шоу, од страна на пејач на албански народни песни, добил плакета со картата на „Голема Албанија".

Џафери најверојатно бил изненаден од ваквиот гест на возрасниот пејач, но очигледно во истиот момент сфатил дека се работи за невкусен и за меѓуетничките односи штетен гест кој повеќе од сигурно ќе предизвика силно негодување, незадоволство, па и бес кај повеќето Македонци, но и кај дел од Албанците. Затоа веднаш, на лице место, се обидел да релативизира со зборовите: „Благодарам многу, се надевам дека ќе ја постигнеме нашата цел, да се обединиме духовно, да бидеме заедно таму каде што сме тргнале, во голема обединета Европа“, со што на плакетата наместо територијална, се обидел да ѝ даде духовна и проевропска димензија.

Претседателе Талат Џафери, иако морам да признаам дека си реагирал брзо, вешто и снаодливо, сепак тоа не е доволно. Доколку искрено сме решени да работиме на целосно помирување и нормален заеднички живот, молам, во иднина, како знаеш и умееш да внимаваш и да избегнуваш вакви фолклорни, намерни или ненамерни стапици, или доколку повторно се најдеш во иста или слична ситуација едноставно одбиј го ваквиот провокативен подарок со образложение дека времето на големи држави одамна е завршено и дека  ваквите гестови не само што го подриваат целосното помирување на кое работиме макотрпно, туку ја разгоруваат и сѐ уште постоечката нетрпеливост и омраза помеѓу дел од Македонците и дел од Албанците.

Оваа порака е наменета и за сите останати етнички Албанци кои во нашата држава се наоѓаат на високи политички или државни позиции. Се разбира само доколку се искрени во намерата за целосно помирување и заеднички живот.

За крај, не сакам ни да помислам што би се случило доколку некој Македонец од државниот или политичкиот врв примеше подарок плакета со картата на т.н. „Етничка Македонија“.

Стојанче Ангелов

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе