Предлог мерки - зголемување на акцизата кај нафтата, 40% данок на добивка, кризен данок...

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

Група бизнисмени се обратија до редакцијата на МКД.мк со предлог во Владата за еден поинаков пристап во однос на обезбедување на пари за надминување на кризата која допрва ќе ги удри, особено малите и средни претпријатија.

Еве што тие предлагаат за тоа како може да се донесат дополнителни средства за да се обезбеди финансиска стабилност без дополнително да се задолжува ионака задолжената земја.

1. Владата ја пропушти и пропушта можности за прибирање на средства по основ на соодветно зголемување на акцизата во услови на константно намалување на цената на нафтата на светските пазари која во моментов е на историски најниското ниво. Владата преку уредбите со законска сила во координација со регулаторот за енергетика неделно може да врши усогласување на стапката на акцизата за делот на намалувањето на цената на горивата. Наместо константно намалување на цената која нема скоро никаков ефект врз населението и запрената индустрија разликата во цената преку зголемената акциза може да се слее во буџетот, кој нели е празен.

2. Владата донесе уредба на 26 март со која сосема исправно забрани одржување на акционерски собранија и собири на содружници, а со цел да не се дозволи исплата на дивиденда. Од непознати причини Владата ретерира во својот став и дозволи исплати на дивиденди ама само на домашни лица, а за странците кога ќе се укине вонредната состојба. Ваквата одлука е неразбирлива од повеќе аспекти, особено не во овој момент кога последиците од економсата криза која надоаѓа се непознати.

3. Исплата на дивиденда кај банките е повеќе од спорна од аспект на нивната стабилност. Народната банка на Македонија во овој момент нема проекција за нивната стабилност, ниту пак за адекватноста на капиталот на секоја банка поединечно. НБРСМ, пред да се носат одлуки за распределба на дивиденда, мора да го зголеми нивото на адекватност на капиталот.

4. Владата за да обезбеди дополнителни средства за функционирање на буџетот мора да донесе одлука за воведување на кризен данок кој би се наплаќал при исплата на дивидендата и дополнителен данок кој ќе се наплаќа при трансферот на дивидендата во странство. Македонија е една од ретките земји каде што странците се речиси целосно ослободени при трансферот на добивката.

5. Без зафаќање на профитот на компаниите, а со енормни зафаќања кај самостојните вршители,  микро и мали бизниси, како и секогаш товарот ќе падне на голем дел од населението.

6. Со данок од околу 40% на добивка ќе се обезбедат огромни средства и нема да мора државата да се задолжува. Сигурно е дека по овој основ би се собрале 200 до 300 милиони евра. Нема никаква статистика колку пари по основ на добивка се одлева во странство.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе