Предизвиците со „македонскиот синдром“ на Бугарија – може ли Кирил Петков да ги реши?

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

Во 1971 година, ЦИА го измисли терминот „Македонски синдром“ поврзан со интензивната преокупација на Бугарија со тврдењето дека Македонија е една и иста како Бугарија. Кампањата отсекогаш била распространета, а доби на сила за време на комунистичкиот режим, кога Бугарија беше советска марионетска држава. Западњаците никогаш не можеа вистински да ја разберат оваа чудна и невозвратена опсесија со Македонија.
 
Последователните бугарски влади во минатото се надеваа за обединување на македонски територии со Бугарија - и ако се цени по неодамнешниот протест во Софија, на кој беа истакнати постери на кои пишува „Македонија е Бугарија“, тогаш овој сон е жив и цврст меѓу општата популација.
 
За среќа, милиони не излегоа на улиците како во Грција пред повеќе од 30 години со натписите „Македонија е грчка“. На последните бугарски избори бевме сведоци на видеа на одредени политички кандидати со бесрамни територијални аспирации за македонски територии. Можете ли да замислите дека ова се случува и се толерира во земја-членка на НАТО и Европската Унија?
 
Бугарската политичка елита, историчарите и академиците, тврдат дека Македонците не се ништо друго освен западни Бугари, а нивниот јазик е западно-бугарски дијалект. Ако Македонците и Бугарите биле браќа, зошто Кралството Бугарија во август 1941 година потпиша договор со нацистичка Германија за окупација на Македонија и експлоатација на македонските ресурси? Зошто Бугарите не беа пречекани со раширени раце од Македонците, туку се спротивставија како фашистички напаѓачи? Зошто бугарската војска уби над 25.000 Македонци ако се браќа? Тоа е трагично минато, со кое Бугарија до ден денешен не сака да се помири и да се извини, вклучително и за депортацијата на 98 отсто од македонското еврејско население.
 
Камен на сопнување
 
Но, ајде за момент да ги ставиме на страна историјата и политиката за идентитет и да разговараме како да бидеме модел за пример во регионот.
Пред околу 30 години, на 15. јануари 1992 година, Бугарија стана првата земја во светот што ја призна независноста и суверенитетот на Македонија, поставувајќи домино ефект каде до 2018 година вкупно 140 земји го следеа примерот.
Денес, Бугарија е прв камен на сопнување, со директно вето за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. За каква цел и во чиј интерес? Таа не го блокира отворањето и затворањето на поглавјата или членството, што ќе трае веројатно со години. Таа го задушува процесот да почне. Прашањето е зошто.
Бугарската влада честопати се занимава со познатата практика на одвлекување на вниманието на сопственото население од проблемите дома преку поттикнување прашања со Македонија. Според најновиот извештај на „Евростат“, населението на Бугарија се намалило за 11,5 отсто во последната деценија - младите масовно заминуваат за подобри можности. Новоизбраниот премиер Кирил Петков има бројни предизвици со кои ќе треба да се соочи неговата администрација, вклучително и борбата против криминалот и корупцијата, владеење на правото, недоволна вакцинација против ковид-19, странските директни инвестиции и многу повеќе.
Ветувачка реторика, само на хартија?
Реториката што доаѓа од Петков изгледа ветувачка на хартија, но дали тој навистина ќе може да направи целосен пресврт со оглед на неговите коалициски партнери и екстремистичките позиции на бугарскиот претседател Румен Радев, кој бара Македонија да додаде Бугари во нејзиниот Устав?
Радев очигледно го крие фактот дека Бугарија 16 пати, да повториме - 16 пати, има добиено пресуди од Европскиот суд за човекови права дека ги крши човековите права на македонското малцинство во Бугарија. Досега немало случаи кога Македонија ги прекршила правата на Бугарите во Македонија изведени пред домашни или странски судови.
Да се вратиме на проблемот „Македонски синдром“. Ветувачки е што Петков доаѓа во посета на Македонија денес, за да ја одбележи 30-годишнината од бугарското признавање на земјата, и останува да го видиме исходот.
Се надеваме дека тој ќе се претстави како некој што на македонските лидери гледа како на рамноправни партнери кои се дел од НАТО, а не како поранешниот премиер Бојко Борисов, кој зборуваше и ги навредуваше македонските лидери во многу наврати, или, пак, како поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој предупреди дека ќе ја испрати бугарската Армија во Македонија доколку не се исполнат нивните барања.
 о право е Петков што се прашува зошто нема директен лет меѓу Скопје и Софија, ниту воз меѓу двата града. Сега единствен начин да се патува меѓу двете земји е со автомобил или автобус. Побрзо е да се лета од Скопје преку Истанбул до Софија, отколку да се вози од Скопје до Софија. Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив. Малтретирањето не е европски принцип.
 
Meто Колоски, Обединета македонска дијаспора
(Преземено од Емерџинг Јуроп) 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе