Правото на глас е привилегија, но и одговорност. Од тебе зависи!

Темелите на демократкиот политички поредок се слободните избори.

Ние граѓаните не сме само гласачи, впрочем не би смееле да дозволиме нашето граѓанско постоење да завршува тука. Ние сме одлучувачи и креатори на политиките, особено во локалната заедница во која живееме.

Со искористувањето на правото на глас ние влијаеме на сите општествени случувања во нашата локална заедница, иако понекогаш несвесни за тоа. Нам ни се чини неважно, затоа што не сме директно вклучени во одлучувачките процеси, но искористувањето на правото на глас е загарантирано, неотуѓиво и заштитено.

Исполнувањето на нашето загарантирано право на глас треба да започне уште со проверката на сопствените податоци во избирачкиот список, како и соодветна, навремена реакција доколку нé нема меѓу гласачите или податоците се погрешно запишани.

Избирачко право има секој полнолетен државјанин на Македонија што е запишан на избирачкиот список, а за да гласа мора да се идентификува со лична карта или пасош издаден од органите на Република Македонија.

ДИК е задолжена да го одржува избирачкиот список врз основа на информации што се изведени од матичната евиденција, што се води во Министерството за внатрешни работи (МВР). Затоа навремено ажурирајте ги податоците, како промена на адреса на живеење, информации за починати и венчани лица од семејството.

Гласањето на изборите е неразделив елемент на формата на демократијата. Затоа правото на глас треба да се смета за привилегија, што вклучува одреден степен на одговорност. Кога ќе изгласаме кандидат за градоначалник и советници, тоа ќе се одрази врз секој аспект од нашите животи во општината.

Не заборавај, ако ти е повредено избирачкото право во која било фаза од изборниот процес или во постапката на спроведување на гласањето, тогаш може да поднесеш приговор до ДИК во рок од 24 часа.

Провери ги своите гласачки права на www.sec.mk

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе