Прашања за СДСМ, ВМРО и ДУИ

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

  1. Дали ќе гласате да се смени Законот за избори и да се овозможи граѓаните да можат да го отповикаат пратеникот, градоначалникот или советникот доколку не се задоволни од неговата работа?
  2. Дали ќе го смените Законот за референдум и на граѓаните ќе им го вратите уставното право за сите прашања да можат да се изјаснуваат на референдум?
  3. Дали ќе го намалите буџетот на Владата за 40%?
  4. Дали ќе го намалите бројот на министри на половина од сегашните?
  5. Дали ќе ја намалите државната администрација на 80.000 вработени?
  6. Дали со закон ќе забраните уништување и експлоатација на националното богатство на Македонија од страна на странски компании?
  7. Дали ќе изгласате закон со кој за секое барање за проекти од загадувачките индустрии ќе мора да се изјаснат граѓаните на референдум?
  8. Дали ќе го укинете неуставниот закон со кои им се блокираат сметките на граѓаните?
  9. Дали ќе ја укинете институцијата ИЗВРШИТЕЛ која ги уништи македонските граѓани и фирми?
  10. Дали ќе ја смените монетарната политика која банките ги претвори во заштитени институции, а граѓаните и стопанството во поданици?
  11. Дали во Македонија ќе спроведете конкретна политика секој град и село да добие прочистителна станица, водовод, канализација, струја и патна инфраструктура?
  12. Дали ќе спроведете економски план за обнова на Македонија со ефтини и долгорочни кредити за земјоделците, занаетчиите, микро и малите претпријатија?
  13. Дали ќе го стопирате криминалот со урбанизмот и градежништвото  со нова јасна и едноставна процедура?
  14. Дали ќе направите реформа во образованието, здравството и одбраната?
  15. Дали ќе понудите проект за враќање на младите во Македонија?
  16. Дали ќе дозволите судиите и обвинителите да ги бираат и да ги отповикуваат граѓаните?

Треба едноставно да одговорите со ДА или НЕ. Само со јасни одговори можете да очекувате дека на наредните избори граѓаните ќе излезат и ќе гласаат за некоја од партиите. Во спротивно на изборите ќе излезат најмногу 500.000 граѓани (вработени во државната администрација и нивните фамилии) со што ќе немате никаков легитимитет да ја водите државата.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе