Колумна

Практично непочитување на Законот за високо образование

Кој и зошто ја крие корупцијата и непочитувањето на законите по македонските универзитети.

Непрофесионално е работењето на највисокото тело во државата за високо образование - органите на Агенцијата за квалитет (кој што има свој директор во ликот на Агим Рушити), Одборот за акредитација (во ликот на академикот Камбоски) и Одборот за евалуација, кој воопшто не функционира (во ликот на проф.д-р  Марина Митреска). Од друга страна постои и Државен просветен инспекторат (во ликот на директорот Муслиу), кој повеќе се занимава за ланскиот снег, а не и со професионалното работење на универзитетите (факултети, научни институти и слично) и со изигрување во практиката на Законот за високо образование на штета на државата, студентите... Еве за што станува збор. Во практиката има, а Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за квалитет не реагираат професионално.

Конкретни законски злоупотреби во високото образование

1. Непочитувањето на член 21 став 3 од Законот за високо образование кој определува дека единиците на универзитетот имаат веб-страница на која задолжително објавуваат важни информации за своето работење. Конкретно на веб-страниците на единиците на универзитетите нема важни информации, како што е случајот со неакредитираните студиски програми на приватниот универзитет ФОН-Скопје, на англиски јазик по студиски програми... и други универзитети. Зошто инспекторите од Државниот просветен инспекторат или Одборот за евалуација не ги проверуваат - контролираат овие веб-страници и зошто не се почитува оваа одредба од законот член 47 и член 48 од ЗВО? Тоа е работа на Државниот просветен инспекторат и Одборот за евалуација. Со право се поставува прашањето зошто овие институции го ставаат проблемот под тепих. Дали е ова индикација, а и е за можна корупција на штета на имиџот на високото образование? А така е со веб-страницата на МОН каде од универзитетите има застарени информации ( постојат универзитети кои се згаснати како што е Њујорк универзитет и други, а уште стојат на веб-страницата). Или поконкретно - колку неточни и незаконски информации се нудат на идните заинтересирани за студирање?

2. Зошто не се имплементираат членовите 31 и 32 од Законот за високо образование кој се однесува на надлежностите на Студентскиот правобранител? Чинам има само на факултетите на УКИМ-Скопје (и тоа треба да се провери), за другите јавни универзитети и приватни тоа е измислена именка, како и за член 36 од Законот за високо образование кој се однесува на надлежностите на Универзитетското студентско собрание? За многу универзитети вакво студентско собрание не постои. Зошто молк и непостапување на  Државниот просветен инспекторат?

3. Зошто Владата и МОН молчат и зошто не го формираат Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност од член 41 на Законот за високо образование (требаше да се формира во период од една година, по донесување на законот кој е донесен  на 8 мај 2018 - сега сме 2021 година). Тоа значи дека во Република Македонија (што не е случај во секоја нормална држава) не се следи развојот на високото образование во македонските универзитети како и неговата усогласеност со европските и меѓународни стандарди. Нема национална програма за високо образование која треба да ја усвои Собранието на Р.Македонија, не се донесени уредбите за мерила и критериуми за финансирање на високото образование... Затоа нашите  македонските универзитети не се  препознатливи  во Европа. Да не зборуваме за квалитетот на високото образование. Најдобар доказ е каде сме рангирани на Шангајската листа. Нѐ нема. Кому му одговара хаосот и нефункционирањето  на институциите од областа на високото образование? Каде се извештаите на МОН за состојбите во високото образование? Зошто Собранието и Владата на Р.Македонија не расправаат? Нема ништо! Конкретно кажано, Владата нема никаква контрола  како работи Одборот за акредитација на високото образование, кој заедно со Одборот за евалуација се најголеми виновници за лошите состојби во високото образование во нашата држава.

4.Отворено се знае дека не се почитува и член 61 став 3 од Законот за високо образование според кој на факултетите (внимавајте на факултет, а не на универзитет) треба да има најмалку 10 лица во наставно-научни звања во работен однос со полно работно време. Нека се проверат Универзитетот ФОН-Скопје, Европскиот универзитет-Скопје, Струшкиот универзитет во Струга, МИТ универзитетот -Скопје, Универзитетот во Тетово. Универзитетот во Охрид (УИНТ), Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и други универзитети. Не се почитува член 61 став 3 од законот. Зошто не се контролира господа од Државниот просветен инспекторат и Одборот за акредитација и Одборот за евалуација? Намерно се овозможува да функционираат факултети и со еден професор. Но, каде е законитоста во донесување на одлуки од Наставно-научниот совет со еден или двајца професори? Дали ова непочитување на член 61 од Законот за високо образование овозможува надлежните кои треба да се контролираат неговото исполнување, да бидат „платени“ за да се замолчат? Јавна тајна е дека се знае кој инспектор на кој универзитет е на „платен список“ и ги ужива бенефитите од удобните фотелји во Државниот просветен инспекторат.

5. Зошто не се почитува член 135 и 136 од ЗВО и нивните критериуми. Кој сѐ магистрира или докторира или пишуваат „научни трудови“. Нема контрола од Државниот просветен инспекторат. Се откриваат скандали од разни плагијати – копирање на туѓи научни трудови како што е случајот на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово (професори како што се: Неџбедин Беадини, Шеќибе Беадини, Абдулена Беадини, Емира Беџети, Мирлинд Беџети, Дестан Халиди, Екрем Исмани), што е меѓународен скандал. Откриени се и плагијати на други универзитети во Македонија, како што е на Медицински факултет-Скопје, Високата школа во Битола, Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Факултетот за безбедност-Скопје и други образовни криминали. Или ненострифицирани над 800 дипломи на струшкиот универзитет, како и вмешаност на многу судии... Неминовна е потребата од контрола на Државниот просветен инспекторат... Или зошто од Косово или од Албанија доаѓаат да магистрираат или докторираат на нашите универзитети. Дали се крие образовниот криминал и корупцијата на нашите универзитети? Ова што се случува на нашите универзитети е дно. Срам. Каде е одговорноста?

6.Зошто МОН молчи пред вистината дека сѐ уште пензионирани професори предаваат на додипломски студии спротивно на ЗВО, а пријавите за нив ги потпишуваат други професори? До кога со ова криминална практика? Може многу лесно да се провери кај студентите кој им држи настава, а кој ги потпишува пријавите. Но, заради можна корупција не се проверува ова прашање.

Дали институциите треба да понесат одговорност. Секако да.

Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе