Постои еден народ...

Постои еден народ, како и сите други, но, сепак, различен.

Никој досега не успеал да му каже за тоа кој фрлил врз него клетва, за меѓу себе да си вадат очи еден на друг, да си ставаат сопки, да гледаат во туѓиот двор, а кога некој ќе погледне во нивниот, се лутат, небаре во око му брцнале.

Тој народ живее на Балканот, меѓу себе се нарекуваат Македонци, имаат најубави песни што ги пеат и во далечна Јапонија и Америка, но дома, во нивната Македонија, се како рогови во вреќа. Кога им се пружи можност да бидат свои на своето, ја прокоцкаа таа шанса и, сега, сите се виновни, само тие се обесправени. Што им требаше за лидери да изберат голобради момчиња, како Љубчо или Бранко…

За да се сфати овој вовед, потсетувам на основното правило: Ако сакаш да дознаеш зошто ти се случува тоа што ти се случува, погледни во огледалото и ќе ја видиш причината!

Во македонското огледало најмалку, или ич, не се погледнуваат оние што се обидуваат да нурнат во минатото и да ги видат сопствените корени кај Венетите, Дарданите, Бригите…, а не знаат каде е погребан „нивниот“ Александар Велики.

Во историјата нема само светли моменти, треба да се осознаат и темните, за да се знае кога е ден, а кога ноќ. Друг принцип е временската и просторна дистанца од она што го гледаме: кога гледаме од тлото на мајката Земја, помали сме од точка, но кога гледаме од голема височина, Македонија е мало парче земја, речиси незабележителна. Но, големите орли виделе дека е на крстосницата на нивните профити, па решиле да ја заштитат под нивните услови, а не според желбите на Македонците. Од таму, доста препелкање во прашината на романтичната историја, затоа што светот оди со космичка брзина напред, а ние заостануваме затоа што сме свртени обратно од текот на времето!

Тој тек на времето веќе се мери во тера-бајти, во 100.000 компјутерски операции во секунда… во паметни телефони од кои претшколските деца веќе знаат повеќе од нивните родители, каде се брише националниот романтизам и се воспоставува космополитска логика, каде дечиња и момичиња повеќе го познаваат јазикот на масовните комуникации, отколку мајчиниот!

Од оние кои уште бараат светлост во минатите ери, овие дена го чув ова: „Нашето време не го добивме како наследство од нашите родители, туку го зедовме од нашите деца!“

И, никој не може да разбере дека тука е она што е точно: на нашите деца да им оставиме идно време, а не нашите минати години во темнината на национален романтизам!

Експертите за национални каузи велат дека национал-романтизмот го поматува нивниот ум, поради што тие ја гледаат само малата слика, без можност да ја видат големата. Договорот Заев – Ципрас за нив е штетен затоа што го менува името на Македонија, затоа што нѐ принудува да се откажеме од грижата за нашите сонародници што останале во соседните земји, а не можат да видат зад двете планини: ЕУ и НАТО. Кога Македонија ќе биде таму, а ќе биде ако го заслужи тоа, а не да чека нечиј подарок, тогаш границите ќе бидат избришани и ќе нема никаква пречка да се среќаваме и дружиме со сите и со секого.

Германците имаат за нас, Македонците, еден израз што објаснува сѐ: македонски состојби! (Mazedonische Verhältnisse)

Ако некој сака да осознае повеќе, нека прочита: „Херои и убијци“ – Стојан Христов, „Макавеј“, 2008.

Милан Аџиевски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе