Рок, фанк и реге со балкански корени

Последниот албум „Линии во песокот“ на Васил Хаџиманов бенд во Скопје

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

И покрај неговата плодна децениска кариера, требаше да поминат повеќе од 20 години од последниот солистички настап на Васил Хаџиманов бенд за пак да дојде во Скопје. Концертот е дел од промотивната турнеја на последниот негов албум, Lines In Sand, издаден кон крајот на 2018 година, а се одржа во четвртокот во Дом на АРМ.

Она што е забележливо за овој албум се зрелоста и креативноста на Васил Хаџиманов во фузијата на различни правци, од стандардните етноелементи, прогресивниот рок, фанк-делниците, реге-мотивите зачинети со африкански гласови, но сепак балканските корени се доминантни и препознатливи и на овој албум. Видлива е усогласеноста и повеќегодишната соработка на членовите на ВХбенд, како и високите стандарди што треба да се поседуваат за да се биде на нивото на неговиот лидер.

Комуникацијата е флуидна, со брилијантни импровизации, како динамиката на бас-гитарата (Мирослав Товирац), забавниот перкусионист („куме Боки“), младиот талентиран тапанар (Предраг Милутиновиќ) и сензибилитетот на соло-гитарата (Бранко Тријиќ), која му даде свежина на заокружувањето на вечерашната презентација на Lines in send во една целина.

Маестралноста и талентот на овој харизматичен светски уметник се потврдија на бис со изведбата на песната „Охрид“, кога беспрекорно чистиот и јасен звук од секоја типка на електричното пијано му даде на овој концерт топлина и магичност за паметење.

Сепак, со оглед на условите во салата, организаторот требаше да го најави настанот како „концерт на отворено со зимски температури“, внатре беше исто толку „топло“ како и надвор, како што констатира и самиот Васил, а со смрзнати прсти можете да свирите на концерт само час и половина и да ве вратат на само еден бис. Задоволството на смрзнатата публика беше повеќе од очигледно, но со ваков избор и услови во салите, организаторот нека почека да запролети за да организира следни настани, за да не се брукаме повеќе пред ниеден гостин.

Оние пак што го сакаат и го следат знаат дека Васил и неговиот бенд се чести гости на клупските свирки во градот, па така до следните предизборни ветувања за асална концертна сала ќе се гледаме по тие затоплени места.

Билјана Пејовска

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе