Поголема депресија?

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

Но, имајќи ја предвид досегашната неуспешна политичка реакција, шансите за значително полош резултат се зголемуваат секојдневно.

Шокот за глобалната економија од коронавирусот е многу побрз и посериозен во споредба со оној од глобалната финансиска криза во 2008 година, па дури и во споредба со Големата депресија. Во овие два претходни настани, пазарите колабираа за 50% или повеќе, пазарите на кредити беа замрзнати, се случија огромни стечаи и банкроти, стапката на невработеност се искачи над 10% а БДП беше на годишна стапка од 10% или повеќе. Но, за сето тоа да се случи беше потребен период од три години, додека со сегашнава криза, вакви слични неповолни макроекономски и финансиски резултати се случија за само три недели.

На почетокот од месец март беа потребни само 15 дена американскиот пазар на акции да се сруши по надолна линија (20% намалување од својата најголема вредност), што е најголемо намалување досега. Сега, кога пазарите се намалија за 35%, пазарите на кредит значително се намалија а кредитните стапки се зголемија на рекордно високи нивоа како оние во 2008 година. Секоја од поголемите финансиски компании, како што се Goldman SachsJP Morgan и Morgan Stanley очекуваат бруто домашниот производ да се намали со годишна стапка од 6% во првото тримесечја, и 24% до 30% во второто тримесечје. Американскиот министер за финансии Стив Мнучин предупреди дека стапката на невработеност би можела да се зголеми на над 20% (двојно повеќе од највисоката вредност достигната во периодот на глобалната финансиска криза). Со други зборови, секоја компонента на збирната побарувачка (потрошувачка, капитално трошење, извоз) се соочува со слободен пад кој е невиден досега.

Иако најголем дел од познавачите очекуваа назадување во форма на буквата V (што значи нагло паѓање на излезните резултати во едно тримесечје и потоа нивно нагло опоравување во наредното), сега ни е јасно дека кризата со коронавирусот е нешто сосема друго. Тенденцијата сега не е ниту во форма на буквата V, ниту U, ниту L (нагло паѓање по кое следи стагнација), туку е во форма на буквата I: вертикална линија која ги прикажува финансиските пазари и реалниот пад на економијата. Но дури ни Големата депресија и Втората светска војна не придонесоа толку за затворање на најголемиот дел од економската активност како што е тоа случај сега со Кина, САД и Европа. Најдобро сценарио би било назадување кое е многу поостро во споредба со Глобалната финансиска криза (во смисла на намален вкупен глобал резултат) но тоа ќе трае кратко, што потоа ќе овозможи враќање на позитивниот раст до четвртото тримесечје оваа година. Во тој случај, пазарите ќе почнат да се опоравуваат кога ќе се појави светлото на крајот од тунелот.

Сепак, најдоброто можно сценарио предвидува неколку услови. Прво, САД, Европа и други економии кои се значително засегнати со оваа пандемија треба да спроведат масовно тестирање за коронавирус, следење и мерки на третман, потоа да работат на мерки за карантин и за целосно затворање на активностите – онака како што тоа го направи Кина. Исто така, од причина што се потребни и до 18 месеци за развој и производство на вакцина, ќе треба масовно да се користат антивурисни и други терапевтски средства. Второ, креаторите на монетарни политики (кои во помалку од еден месец го направија она за што претходно им требаше три месеци во периодот по Глобалната финансиска криза) мора и понатаму да користат неконвенционални мерки во однос на кризата. Ова значи каматни стапки со нула или негативен предзнак; зајакнување на насочувањата; квантитативно олеснување и олеснување на кредитите (купување на приватни средства) за банките, другите институции, пазарите на пари па дури и за големите корпорации. Сојузните резерви на САД ги проширија своите прекугранични своп линии за да се справат со огромниот недостаток на ликвидност кај доларот на глобалните пазари, но сега ни се потребни повеќе инструменти за да ги поттикнеме банките им даваат заеми на малите и средни претпријатија кои сега не се ликвидни но кои и понатаму се солвентни.

Трето, државите треба да спроведат огромни финансиски стимуланси, вклучително и преку „фрлања на спас од хеликоптер“ на директни исплати на пари на домаќинствата. Со оглед на големината на економскиот шок, фискалните дефицити во напредните економии ќе треба да се зголемат од 2-3% од БДП на околу 10% или повеќе. Само централните власти имаат Биланс на успех кој е доволно голем и солен да го спречи колапсот на приватниот сектор. Притоа, овие финансиски интервенции финансирани преку дефицит мора целосно да се монетизираат. Ако се финансираат преку стандардно задолжување на државата, каматните стапки нагло ќе се зголемат и со тоа опоравувањето ќе биде „убиено“ во самиот старт. Со оглед на околностите, интервенции кои претходно беа предлагани од левичарите на современата школа на монетарна теорија, како што се „фрлањата на спас од хеликоптер“, сега стануваат главни идеи. За жал по најдоброто можно сценарио, реакцијата на системот за јавно здравје во напредните економии потфрли во моментите кога требаше да се ограничи пандемијата а пакетот на фискална политика за секој сега се дебатира не е ниту голем ниту доволно брз да создаде услови за навремено опоравување. Така што, ризиците од нова Голема депресија (уште полоша од претходната) – Поголема депресија се зголемуваат секојдневно.

Освен ако пандемијата не биде запрена, економиите и пазарите во светот и понатаму ќе бидат во слободен пад. Но дури и ако пандемијата биде помалку или повеќе сведена во некои рамки, целокупниот раст можеби нема повторно да се врати до крајот на 2020 година. На крајот на краиштата, дотогаш е многу веројатно да почне друга сезона на вируси со нови мутации; терапевтските интервенции на кои многумина се надеваат можно е да се покажат помалку ефективни отколку што сме се надевале, така што економиите повторно ќе се соочат со проблематични периоди и пазарите повторно ќе се срушат. Уште повеќе, фискалниот одговор би можел да удри во ѕид ако монетизацијата на огромните дефицити почне да доведува до поголема инфлација, особено ако серија од негативни шокови во снабдувањето, предизвикани од вирусот, го намалат потенцијалниот раст. Голем број на држави едноставно не можат да си дозволат такви позајмици во нивна валута, Кој ќе ги избави владите, корпорациите, банките и домаќинствата на растечките пазари? Во секој случај, дури и ако се стават под контрола пандемијата и економските последици, глобалната економија и понатаму ќе биде предмет на повеќе основни ризици.

Со оглед на тоа дека се наближуваат претседателските избори во САД, кризата со коронавирусот ќе отвори пат за повторно обновување на конфликтите помеѓу Западот и најмалку четирите ревизионистички сили: Кина, Русија, Иран и Северна Кореја – сите тие веќе користат асиметрична сајбер војна за да ги поткопаат САД одвнатре. Неизбежните сајбер напади на изборите во САД можат да доведат до оспорени конечни резултати, со обвинувања за „местења“ и можности за директно насилство и граѓански немири. Слично на ова, како што имам посочено и претходно, пазарите значително го потценуваат ризикот од војна помеѓу САД и Иран оваа година и влошувањето на кинеско-американските односи со оглед ан меѓусебните обвинувања за обемот на пандемијата. Актуелната криза е веројатно дека ќе ја забрза тековната балканизација и отворањето на глобалната економија во наредните месеци и години.

Трите ризици (неконтролираната пандемија, недоволниот арсенал во политичка и економска смисла и геополитичките „бели лебеди“) ќе бидат доволни да натежнат во глобалната економија во смисла на нејзино поттурнување во постојана депресија и топење на финансиските пазари. По крахот од 2008 година, решителниот (иако задоцнет) одговор ја извлече глобалната економија од амбисот. Овој пат можеби нема да имаме толку среќа.

 Нуриел Рубини (Nouriel Roubini)

(Авторот е професор по економија на Стерн школата за бизнис на Универзитетот во Њујорк и претседател на “Roubini Macro Associates”. Тој е поранешен виш економист за меѓународни односи во Советот на економски советници во Белата куќа за време на администрацијата на Клинтон. Работел за Меѓународниот монетарен фонд, Федералните резерви на САД и Светската банка. Неговата веб-страница е NourielRoubini.com.)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе