Колумна

Под закрила на НАТО Македонците ќе добијат поголема слобода и економски раст

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

Овој референдум е предуслов за последната фаза од преговорите за членство во НАТО и Европската Унија со Македонија, која повеќе децении од минатиот век беше дел од Југославија.

Како може едно име да биде предмет на спор? Корените на ова датираат од пред неколку илјади години: Грција, членка на НАТО и ЕУ, смета дека националното име „Македонија“ го загрозува македонскиот културен идентитет на многу грчки граѓани и е навреда за античката грчка историја. Но договорот што летово го постигнаа Грција и Македонија овозможува решение промена-на-името-плус-ЕУ-плус-НАТО ако помине референдумот.

Сепак, под претпоставка дека гласачите ќе ја одобрат промената на името, некои веруваат дека Македонија сè уште не треба да биде добредојдена во НАТО. Овие гласови тврдат дека пристапувањето ќе биде провокација за Путиновата Русија и ќе ризикува нови тензии со Западот. Путин цврсто се противи на членството на Македонија во НАТО, стравувајќи дека ќе го разблажи неговото влијание во регионот. Од таа причина, Русија активно финансира кампањи гласачите да се спротивстават на референдумот.

Путин не ја заслужува нашата почит.

Најпрво, како дел од поранешна Југославија, Македонија никогаш не била во директната орбита на Советскиот Сојуз. Тоа ги побива руските тврдења за нивната традиционална геополитичка орбита. Географијата го илустрира тоа. Како што покажува мапата подолу, Македонија и Русија не се баш соседи. Навистина, за да патувате по копно преку најмал можен број држави од Македонија во Русија ќе треба да патувате низ Бугарија или Србија, и Романија и Украина. Или, ако се упатите кон исток наместо кон север, преку Бугарија, Турција и Грузија.

Уште поважно, со пристапувањето во НАТО Македонија ќе добие подобра иднина и либерален меѓународен поредок. Под закрила на безбедноста на сојузот, Македонците ќе можат послободно да ги развијат своите институции кон поголема демократска одговорност и економски раст. Тие ќе бидат послободни, бидејќи членството во НАТО ќе ја одврати и ако е потребно ќе ја порази руската агресија од типот на онаа што ја видовме во Украина.

Во крајна линија, она што ќе се случува сега треба да зависи од македонскиот народ. Ако гласаат за промена на името на својата држава, нивната влада треба да добие брз пристап во НАТО - со експлицитно очекување дека ќе троши најмалку 2 отсто од годишниот БДП за одбрана. Ако не, исто така добро. Но ова не треба да зависи од Русија.

Автор: Том Роган

Извор: Вашингтон егзаминер

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе