Колумна

Писмо за правдата и отворената дебата, на Чомски, Роулинг и уште 150 интелектуалци

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

Нашите културни институции се соочуваат со тест. Моќните протести за расна и социјална правда доведуваат до задоцнети барања за полициска реформа, заедно со пошироки повици за поголема еднаквост и вклученост во нашето општество, особено во високото образование, новинарството, филантропијата и уметноста. Но оваа толку потребна акција го разжести и новиот пакет на морални ставови и политички обврски што имаат тенденција да ги ослабат нашите норми на отворена дебата и толеранција на разликите во корист на идеолошката покорност. Додека му аплаудираме на првиот развој, го креваме својот глас против вториот. Силите на нелиберализмот добиваат јачина низ целиот свет и имаат моќен сојузник во Доналд Трамп, кој претставува реална закана за демократијата. Но не смее да се дозволи отпорот да премине во сопствен бренд на догма или принуда - што демагозите од десницата веќе го користат. Демократската акција што ја сакаме може да се постигне само ако зборуваме против нетолерантна клима што се појавува од сите страни.

Слободната размена на информации и идеи, крвната жила на едно либерално општество, секојдневно станува сè поограничена. Иако се навикнавме да го очекуваме тоа од радикалната десница, цензурата се шири и пошироко во нашата култура: нетолеранција на спротивставени погледи, мода на јавно срамотење и општествено изолирање и тенденција сложени политички прашања да се разблажат во заслепувачка морална извесност. Ја поддржуваме вредноста на робусниот, па дури и остар контраговор од сите агли. Но сега е и премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата. Уште позагрижувачки, институционалните лидери, во духот на контрола на панично предизвиканата штета, изрекуваат избрзани и несразмерни казни наместо предвидените реформи. Уредници се отпуштаат поради објавување контроверзни текстови; книги се повлекуваат поради наводна неавтентичност; на новинарите им е забрането да пишуваат на одредени теми; се истражуваат професори зашто цитирале литературни дела на час; истражувач е отпуштен од работа зашто популаризирал рецензирана академска студија; а шефови на организации се бркаат поради нешто што понекогаш е само несмасна грешка. Без оглед на аргументите околу секој посебен инцидент, резултатот е стабилно стеснување на границите на она што може да се каже и без закана од одмазда. Веќе ја плаќаме цената со поголемиот страв од ризик кај писателите, уметниците и новинарите, кои се плашат за своите приходи ако се оддалечат од консензусот, или дури и немаат доволна ревност.

Оваа задушлива атмосфера на крај ќе им наштети на највиталните каузи на нашето време. Ограничувањата во дебатата, без разлика дали е од репресивна влада или од нетолерантно општество, секогаш ги повредуваат оние што немаат моќ и сите ги прави помалку способни за демократска акција. Начинот да ги победиме лошите идеи е со нивно разоткривање, со аргументи и со убедување, а не со обидување да ги замолчиме или со посакување да исчезнат сами. Одбиваме каков било лажен избор помеѓу правдата и слободата, кои не можат да постојат една без друга. Како писатели, потребна ни е култура што ни остава простор за експериментирање, преземање ризици, па дури и за грешки. Треба да ја зачуваме можноста за искрено несогласување без сериозни професионални последици. Ако не го одбраниме самото нешто од кое зависи нашата работа, не треба да очекуваме јавноста или државата да го бранат за нас.

Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и

150 други интелектуалци

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе