Пинки го виде Тито

Пародија или алегорија на една вистина? Како и да се нарече, ќе остане овековечено во архивата на трагикомични факти.

Со бескрајна почит на ликот и делото на Јосип Броз, на самиов почеток барам прошка што го употребувам неговото име,иако во компаративна релација. Сепак, насловот е само дело на Јован Поповик, кој во своето време направил приказна од средбата на курирот Бошко, наречен Пинки и великанот Тито.

Taка, еден ден, цариникот, реши да бара чаре за своето здравје токму во градот -тврдина на неговиот великан. Болката му била голема. Неподнослива. Ниту еден лекар во регионов не успевал да го излекува неговиот респираторен систем. Чудно, но вистинито, на ниски температури, еден фотоапарат го овековечи облечен во зимска јакна, но без капа и шалче, што дефинитивно се нужен дел од парчиња облека за луѓето со заболени синуси и комплетен респираторен систем. Дали ги заборавил во хотелот од возбуда што го видел својот сакан великан? Прво прашање за Пинки кое спонтано се наметнува.

На кој начин цариникот допатувал  во тврдината на бегалецот, на јавноста не ѝ е познато. Можеби не е толку битно дали патувал по копно или небо. Битна е содржината на неговиот багаж. Дали цариникот бил вистински курир, како Пинки? Дали му однел нешто од зимска гардероба на неговиот великан или пак некоја шифрирана „бовча“? Второ, многу битно прашање кое отвара сомнежи.

А, третото...е тоа е збир од прашања за Обвинителите. До кога на насилници и криминалци ќе им се суди од слобода? Не беше ли доволен примерот со унгарскиот азилант? Дали треба да го имаме како среќна околност фактот што цариников извадил повратна карта? Хипотетички гледано, можела да биде и во еден правец. Или, треба да му се верува затоа што сепак се појави на рочиште? Граѓаните не му веруваат ниту нему, ниту на кој било од обвинетите на кои им се суди од слобода. Ако го додадеме и исказот на сведок од „шлаканиците во Центар“,во кој советничката децидно раскажа колку бил гласен и во силна физичка кондиција цариникот кој има сериозни проблеми со респираторниот систем, состојбата е сѐ поматна. Трудот сите лаги да се замачкаат со некој барок мејк ап, не вреди. Бргу се рони.

Сепак, Пинки го виде Тито. Горд е на тоа. Кој ќе биде следниот гостин во тврдината?

Перса Наумоска 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе