Појаснувачко соопштение од иранската амбасада

Персискиот Залив има потреба за мир

Веќе некое време, конфронтацијата на британската влада со Исламската Република Иран го зголеми нивото на тензии во важниот регион на Персискиот Залив и регионот го соочи со нова криза. 

Политичарите, аналитичарите и новинарите од целиот свет непрестано ги покриваат настаните поврзани со оваа криза и за причините и последиците изразуваат разни ставови. Запленувањето на англискиот танкер „Стена Имперо“ во Ормускиот теснец привлече големо внимание во последниве неколку дена. Танкерот беше запленет во петокот на 19 јули од страна на иранските сили „Сепах Пасдаран“ и беше пренесен во Бандар Абас.

Овој танкер за време на минувањето преку Ормускиот теснец, поради непочитување на меѓународните поморски закони, бил во раб на судир со ирански рибарски брод и намерно не одговорил на пораките од иранската страна. Ако танкерот не беше запрен, тоа можело да доведе до несакан инцидент кој би ја нарушил атмосферата на регионот. Запирањето на „Стена Имперо“ беше легитимен чин во насока на зачувување на безбедноста на Иран во неговите територијални води. Персискиот Залив и Ормускиот теснец се од витално значење за Исламската Република Иран, и Иран е во состојба да го брани својот територијален интегритет преку спречување на повредите на меѓународните правила и контролата на регионот.

Британската влада го оцени запленувањето на танкерот „Стена Имперо“ како чин на одмазда. Исламската Република Иран го негираше ова тврдење, но во исто време е јасно дека е несреќна поради запленувањето на нејзиниот танкер „Грејс Еден“ од страна на Британија. На 4 јули, силите под британска команда го запленија наведениот танкер во Гибралтар. Владата на Лондон, со неосновано тврдење, објави дека испраќањето нафта во Сирија била причина за нејзиното авантуристичко дејство, но не обезбеди доволно докази за да го докаже ова тврдење. Во врска со ова, треба да се забележи дека санкциите на ЕУ против Сирија се обврзувачки само за членките на Унијата, а не и за другите земји.

Санкциите немаат екстериторијален статус, а стратегиската политика на Унијата до сега експлицитно се спротивставува на екстериторијалноста на санкциите, политика која е обврзувачка за членките на Унијата и Британија. Дополнително, санкциите се однесуваат на набавката на нафта од Сирија, а не на нејзината продажба, и што е уште поважно, дестинацијата на нафтениот брод „Грејс Еден“ не била Сирија. Затоа, запленувањето на иранскиот танкер е целосно незаконски акт спротивен на меѓународните правила и прописи.

Запленувањето на „Грејс Еден“ се случи во време кога незаконското и силеџиско однесување на владата на Трамп за напуштање на нуклеарниот договор и наметнување тешки санкции против Иран создадоа зголемени тензии во регионот. Под овие околности, запленувањето на иранскиот танкер од страна на Британија претставуваше провокативен и непромислен чин кој ситуацијата во регионот ја направи уште посложена. Неприфаќањето од страна на јавноста и недостатокот на поддршка од другите земји, особено европските сојузници, беа најдобар показател дека овој чин на Англија беше несоодветен и ризичен. Во оваа насока, ненадејното запленување на иранскиот танкер „Грејс Еден“ и спротивставеноста на овој чин со претходната стратегија на британската влада, покренаа многу прашања во врска со факторите кои беа вклучени во овие случувања.

Шпанското министерство за надворешни работи објави дека „Грејс Еден“ беше запленет по барање на САД. Гардијан, исто така, откри дека тимот за национална безбедност на Џон Болтон бил директно инволвиран во инцидентот. Болтон и Помпео од поодамна се обидуваат да го турнат регионот во војна, и овој пат се обидуваат преку измама да ја бутнат Британија во калта на конфронтација со Иран.

Танкерот „Грејс Еден“ сè уште е запленет, и не е јасно колку долго ќе трае оваа ситуација. Британските власти сè уште одбиваат да одговорат на ова прашање и само посочуваат на неразумни и неприфатливи услови. Во принцип, „поставувањето услови“ за „отстапување од противзаконски чин“ е залудно, бескорисно и смешно. Се чини дека провоцирањето на Британската влада од „трета страна“ продолжува и тие не само што не сакаат да го остават регионот на мира, туку се обидуваат да ја влошат ситуацијата. Во меѓувреме, Велика Британија сè уште се солидаризира со нив и има намера преку зголемено воено присуство во регионот и следење на „имагинативни проекти“ да ги зголеми тензиите и хаосот во Персискиот Залив.

Политичарите на таа земја, во состојба на конфузија, ги занемаруваат вистинските факти на терен. Тие не обрнуваат внимание дека авантурата на Гибралтар не само што не донесе никакви резултати, туку исто така сериозно ја оштети нивната меѓународна репутација со тоа што Британија е профилирана како несериозна земја која лесно паѓа на провокации. Тие сметаат дека со повторување на провокативни дејства ќе можат да го компензираат нивниот неуспех, додека Исламската Република Иран покажа дека се спротивставува на заканите и притисоците и во воената политичка игра во регионот има полни раце. Не треба да се дозволи Персискиот Залив од страна на некои да се вовлече во потешки тензии и кризи. Персискиот Залив треба да биде регион на мир, спокој, почитување на меѓународните регулативи и почитување на легитимните права на земјите од регионот.

Амбасада на Исламска Република Иран – Скопје

Сектор за соработка со медиуми

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе