Охрид го (за)губи туристичкиот трон (5)

Скопје со повеќе туристи,Охрид со најмногу ноќевања.

Децении наназад Охрид цврсто 'седеше' на тронот и беше на неприкосновеното прво место во однос на туризмот во Република Македонија, како по бројот на домашни и странски туристи, така и според остварените ноќевања. Последнава деценија почна да се случува пресврт. Главниот град на Македонија, Скопје почна да „му дише во врат“ на Охрид и забрзано да работи да му го преземе и да го симне од туристичкиот трон.

Во 2013 година одлучив да направам една анализа на туристичките движења на овие два града со цел преку точни податоци и факти да ги побијам гласините на одредени медиуми кои пишуваа дека Скопје станува туристичка дестинација број еден во Македонија. За среќа на Охриѓани и за жал на Скопјаните преку бројки и факти ги демантирав сите тие написи по медиумите. Охрид сѐ уште беше број еден туристичка дестинација во Македонија. Денес, пет години подоцна, ситуацијата е сосема поинаква. Се случи голем пресврт во однос на туристичките движења на двата туристички 'ривали'.

1. Домашни туристи и ноќевања

Во 2013 година во Скопје имало 19.596 туристи кои оствариле 29.074 ноќевања. Неколку години подоцна, во 2017 година бројката на домашни туристи во Скопје пораснала за 44%. Така, главниот град на Македонија го посетиле 28.399 туристи кои оствариле 47.366 ноќевања. Во однос на остварените ноќевања од домашните туристи, во 2017 во однос на 2013 година има пораст од 62%. 

Во Охрид бројката на домашни туристи во однос на Скопје е многу поголема. Имено, во 2013 во Охрид престојувале 92.637 домашни туристи кои оствариле 522.718 ноќевања. 2017 година во Охрид има пораст за 24% кај домашните туристи и 6% пораст кај остварените ноќевања. Така, лани Охрид го посетиле 115.025 домашни туристи кои оствариле 557.569 ноќевања. Во однос на тоа по колку просечно денови се задржувале домашните туристи, во 2013 година во Скопје се задржувале просечно по 1,4 денови, а минатата година по 1,6 денови. Во Охрид, во 2013 година домашните туристи во просек се задржувале по 5,6 денови, а во 2017 година по 4,8 денови.

2. Странски туристи

Во однос на туристичките движења од страна на странските туристи Скопје бил во предност и во 2013 и минатата година исто. Во 2013 година Скопје го посетиле 149.027 странски гости кои оствариле 259.608 ноќевања. Во 2017 година има пораст на странските туристи и остварените ноќевања во македонската метропола. Така, минатата година Скопје го посетиле 272.373 странски туристи или за 82% повеќе од 2013 година. Во однос на остварените ноќевања од странските гости лани имало пораст од 76% во однос на 2013 година. Така, 259.608 ноќевања биле остварени во 2013 година, а лани вкупно 459.345 ноќевања од странските туристи. Охрид, во 2013 година го посетиле 100.109 странски туристи кои оствариле 273.330 ноќевања. Минатата година кај странските туристи има пораст од 60% во однос на 2013 година, а кај остварените ноќевања има пораст од 38%. Странските туристи кои го посетиле Охрид во 2017 биле 160.588 и оствариле вкупно 379.462 ноќевања. Во однос на тоа по колку денови во просек се задржувале странските туристи во Охрид и во Скопје состојбата е следна: во Скопје во 2013 во просек се задржувале по 1,7 денови, а минатата година по 1,6 денови. Во Охрид, во 2013 по 2,7 денови, а минатата година по 2,3 денови.

3. Вкупен број на туристи и остварени ноќевања

Ако ја погледнеме сликата генерално состојбата е сосема поинаква. Во 2013 година Скопје го посетиле 168.623 туристи кои оствариле 288.682 ноќњвања. Минатата година Скопје било посетено од 300.772 туристи, што значи има пораст од 78% кои пак, оствариле 506.711 ноќевања или пораст од 75% во однос на 2013 година. Охрид во 2013 година било посетено од 192.746 туристи кои оствариле 796.084 ноќевања. Минатата година Охрид со помалку туристи од Скопје со што веќе не е на 'туристичкиот трон'! Имено, лани Охрид го посетиле 275.613 туристи или 42% повеќе од 2013 година, кои оствариле 937.031 ноќевање или 17% повеќе во однос на 2013 година.

Во однос на остварените ноќевања Охрид сѐ уште е на првото место во земјава. Туристите во Скопје во 2013 година во просек се задржувале по 1,7 денови, а во 2017 година по 1,6 денови. Во Охрид туристите просечно се задржале по 4,1 ден во 2013 година односно по 3,3 денови минатата година.

Анализава на туристичките движења на Охрид и Скопје и сликовито прикажано како што е преку бројки се надевам ќе ги замисли надлежните чинители во туризмот од Охрид да се замислат што има Скопје, а го нема Охрид. Како Охрид да ја збогати туристичката понуда и да се врати на 'тронот'.

 

Тони Павловски,

дипломиран менаџер по туризам и хотелско ресторанско работење

*Напомена, податоците за туристичките движења се од Државен завод за статистика на Република Македонија

 

(Павловски за МКД.мк изработи серија написи со анализа, статистика, податоци... за туризмот и во помалите туристички места во земјава. Почнуваме со Крушево, па Гевгелија, Маврово, Струга, Дојран...)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе