Колумна

Ново сценарио - широка владина коалиција за „Горна Македонија“

Дали е точно дека вака преморените и фрустрирани македонски граѓани во име на ЕУ и НАТО иднината на „вашата замја“ лесно ќе пројдат на евентуалниот референдум за името.

Планот на оваа влада, а и на меѓународната заедница е што побрзо да се реши проблемот со името, Македонија да влезе во НАТО, а потоа и во ЕУ, белким до 2025 година.

Тоа е планот. Ама како стојат работите на терен?

На терен имаме еден невиден оптимизам од македонска страна за можно брзо (за 2-3 месеци) изнаоѓање на решение за името, влез во НАТО и добивање датум за пристапните преговори за членство на Република Македонија во ЕУ. Ако до тогаш и остане името Република Македонија или ќе биде Горна, Северна или Вардарска Македонија.

Втората страна од Приверемената спогодба, Македонија, веќе се согласила за географска одредница за името на РМ. Така рече премиерот Зоран Заев. Да речеме дека Владата се согласила на Република Горна Македонија. Читаме дека Заев вели дека Уставот нема да се менува, дека националност (nationality) значело однос на граѓанин со државата, а не тоа ние што го знаеме, на пример македонска националност. Но, според толкувањето на Заев и Радмила Шекеринска, тоа е припадност на државата, а не и етничка припадност. Што е тогаш граѓанство (citizenship)? Но тоа е друга тема.

Иако се вели дека Македонија одамна ги дефинира црвените линии, сепак од изјавите и брифинзите на официјалните лица на Владата, може да се заклучи дека црвените линии станале розевки. Односно, малку кој може да ги каже кои се навистина македонските црвени линии и до каде може да оди нашата попустливост, наспроти постојаното повторување на првата страна, Грција, на нивните црвени линии. А тие, грчките црвени линии навистина одат длааaбоко во националната определеност, чувстав и идентитет на секој Македонец. Се бараат нови придавки за македонски, македонско, за Македонец...  

И сега кога и од далеку се гледа дека сме далеку од некаков компромис, дека и оваа грчка владеачка постава малку се разликува од претходните, како понатаму?

Познавајќи ја веќе традиционалнаата корумпираност на нашите политичари и во случаи кога станува збор за одбрана на националните интереси, според некои информации од Брисел, веќе се разработува едно помошно сценарио. И овој пат режисерот на ова сценарио седи некаде во објектот на американската амбасада во Скопје.

А сценариото е едноставно. Прашањето е што треба да му се понуди на македонскиот политичар, што не може да го одбие? Власт. А власта за него значи позиција, моќ, влијание и... ПАРИ. А за сите да бидат согласни со една такво понижувачко за Македонците решение за името, кое ќе ги „задоволи“ двете страни, неопходна ќе биде една широка коалиција. Веќе видено.

Во таа широка коалиција, во која би влегле и ВМРО-ДПМНЕ и Беса и некои други помали политички партии, лесно ќе се дојде до консензусот за компромисот како цена за влезот во НАТО и ЕУ.

Тука ќе се истакнат и познатите креатори на кампањи кои вештачки создаденото „братсво и единство“ ќе го протнат како дел од големиот успех за иднината на Македонија односно Горна Македонија и нејзиниот горномакедонски народ кој го зборува горномакедонскиот јазик... И вака преморените и фрустрирани  македонски граѓани, се проценува дека лесно ќе поминат на евентуалното референдумско изјаснување.

Или пак можеби дури и тоа ќе се обидат да го избегнат преку супер-новото единство на народните избраници во Собранието на...

Дали?

Александар Стојановски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе