Низ лупата на иднината

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

Престојот на неговите предци кои живееле на неговата моментална планета. Ќе го интересира како сме живееле, што сме јаделе, пиеле, како сме го минувале времето и најважно од сѐ е што добро сме оставиле за него, за неговата генерација. Ќе го интересираат нашите изуми кои го направиле неговиот живот полесен. Ако биде и доста упорен ќе истражува многу длабоко и податоците кои ќе ги дознае ќе го вчудоневидат, згрозат, а може и да го фрлат во бездна. Ќе открие дека имало луѓе кои немале што да јадат и луѓе кои имале пари да ги хранат сите гладни десет наредни животи. Ќе застане на момент и ќе се обиде да го сфати она што го открил. Ќе се посомнева дека греши, па ќе почне да истражува одново. И повторно ќе зажали кога ќе сфати дека е во право. Па ќе најде податок колку многу пари сме вложувале во вооружување за да се испоубиеме меѓу себе, да да меѓу себе, ние луѓето. Наместо со тие пари да ги нахраниме гладните, да изградиме болници, да ги вложиме во разни апарати кои би ни помогнале во тешките вируси кои не нападнале. Оо ама да... па каде би била логиката да си помагаме да преживееме кога сами си ги пуштивме и нив. Па кога ќе проба да го свари и ова ќе побара помош од некој друг човек со исти идеали како неговите. Ќе пробаат заедно да откријат колку што е можно повеќе за нас и да ги преиспитаат откритијата на оној првиот љубопитен. И ќе продолжат да копаат и копаат, со се поголем интерес и се поголемо разочарување од нивните предци. Па има ли полошо од тоа? Да се срамиш од твоите корени? Да се срамиш што си човек?

Ќе откријат и за меѓусебното убивање поради територии. Меѓусебното колење, па самоубивање со цел да убиеш што повеќе жени и деца. Киднапирање, силување, насилно вадење органи од едно лице па пресадување на друго и уште многу други пропратни, за нас веќе нормални работи. А за сето ова да го истражат двајца ќе бидат сигурно премалку, па ќе собират цела екипа истомисленици. Дури тогаш вистинско прашање ќе биде дали фасцинантното откритие да го споделат со останатиот мил и драг свет на кој сето ова им беше непознато. Што ли ќе се случи ако сите дознаат за ова? Ќе поверуваат ли? "Секако дека не" ќе се сложат неколкумина од истражувачите. Другите пак колебливо и мудро ќе премолчат. "Да, па сигурно не би поверувале дека некој би убил друг човек" со треперлив глас ќе додаде некој од оние првично молчливите. И ќе премолчат. За сето тоа. За сето зло кое постоело. Неуморно ќе продолжат да копаат и копаат барајќи барем некаков доказ, мала трошка надеж дека тоа не е вистина. Па тука ќе ја откријат нашата музика, некои прекрасни книги, интересни филмови, нашите лап топи, сони конзолите, видео игрите со кои бегавме од реалноста колку што беше можно. Со тек на истрагата ќе се посомневаат дека тука не живееле само луѓе, дека мора да има и некои други суштества кои биле против луѓето. Изгледале исто, се однесувале исто но биле многу зли и немале чувства и емоции. Знаеле само добро да ги одглумат. И сигурно за жал биле попаметни и помоќни од обичните и добри луѓенца кои сакале само мирно и спокојно да си го проживеат својот живот, да го разгледаат светот, напишат книга, остават поколение и задовилмо да си заминат од тука. Но биле спречени во тоа. Најжалосно од се е тоа што лошите успеале. Успеале да го поразат човештвото, да го придобијат на разни начини, делејќи го, парчосувајќи го на најситни делчиња. Добрите луѓенца имале обиди за успех, но неуспешно. Со секој обид биле се поуморни и послаби. Злото било насекаде меѓу нив. Нашло начин дури и да ги придобие некои од луѓето. И така еден ден, за жал се било уништено.

     Тоа ќе биде запечатеното откритие на тие наши наследници после милијарди години. Се ќе биде собрано во еден ковчег и ќе биде фрлено во некој бескрај за никогаш никој да не го пронајде. А на таа група истражувачи најпаметно би им било да молчат за се до крајот на нивниот мирен и спокоен долг живот. Во спротивно...

Mиле Стојановски

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе