Незамисливата иднина на демократијата во Југоисточна Европа

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

Годината е 2050-та. За време на неодамнешните европски парламентарни избори, една политичка кандидатка, наречена „Ева“, од земја од Југоисточна Европа која сега е дел од Европската Унија, се кандидираше за место во Стразбур. Таа ја водеше кампањата користејќи слоган како „Се залагам за вашите права, јас најдобро ве познавам“ и доби околу две илјади гласови. Да бидам прецизен, „Ева“ не е женско, туку е систем на вештачка интелигенција (AI).

Она што се случи на замисленото сценарио што е опишано погоре е одраз на тоа како политиката се менува во дигиталната ера. Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

Состојбата на демократијата денес, на прагот на Европа, е прилично збунувачка. По распадот на Југославија, ширењето на либералните вредности и подемот на интернетот требаше да му дадат моќ на поединецот и да ја зацврстат либералната демократија како доминантна политичка сила во периодот по Студената војна. Сепак, сведоци сме на пресврт на настаните. Влеговме во пост-нормални времиња, бидејќи сè што ние сметавме дека е „нормално“ веќе исчезна. Новата, пост-нормална ера за Југоисточна Европа е пропратена со несигурност и сложеност, а алармантна е и бавната ерозија на демократските норми и порастот на популистичкиот авторитаризам.

Суштински елемент на кризата на демократијата во регионот е недостатокот на доверба на граѓаните во државните институции. Во регионот, денес, сè почесто гледаме лидери кои апелираат кон националистички чувства и популизам, лидери кои поддржуваат авторитарни практики и ги оспоруваат слободните медиуми, а истовремено се неуспешни во борбата против ендемичната корупција и високата невработеност. Познатата изјава на Винстон Черчил, дадена додека бил премиер на Обединетото Кралство, две години по завршувањето на Втората светска војна, била дека „Демократијата е најлошата форма на власт“. Изјавата на Черчил сè уште важи и денес, но дали ќе продолжи да важи и во иднина? Има ли други форми на демократија за кои сè уште не сме размислувале?

Со оглед на тоа што од AI се очекува да направи драстични промени во општествата на глобално ниво во наредните неколку децении и ќе оди подалеку од сé што можело да се замисли за време на претходните технолошки револуции, можна идно сценарио би било AI да владее заедно со луѓето. Да ја земеме за пример Југоисточна Европа. Како би изгледала таквата иднина? Ова прашање ретко се разгледува, ако и воопшто се разгледува.

Новата технолошка револуција не само што ќе ги замени луѓето во рутински задачи кои машините би можеле лесно да ги извршуваат, туку и ќе ја олесни автоматизацијата на сложените задачи. Новите, интелигентни машини ќе ги заменат луѓето во секој аспект од животот, од возањето автомобили до дијагностицирање болести и ред други работи. Имајќи ги предвид неодамнешните откритија во областа на длабокото учење, треба да се разгледа што значи тоа за вашиот избран претставник или за политичарите во регионот воопшто?

Замислете, за момент, какво знаење, вештини и особини треба да ги има вашиот избран претставник во законодавниот дом, за да биде совршен? Претставникот треба да ги разбира проблемите што ги засегаат луѓето кои ги претставува, како на пример предизвиците со кои се соочуваат и да знае кои политики тие би сакале да бидат сменети? Да осмисли политики што ќе бидат логични и потребни за избирачите и да ја поттикне заедницата напред како колективна целина, совршениот демократски избран претставник треба детално да го познава минатото на заедницата, неговата сегашна состојба и предизвиците што следуваат. Покрај тоа, совршениот човечки претставник мора да биде квалификуван преговарач, да може да постигне консензус и да умее одлично да управува со кризи. Може ли вакви особини да се припишат на AI?

Кога станува збор за автоматизирање на знаењето, новите машини се моќни проводници на знаење и може да се покажат како важни соработници на владините претставници. Меѓутоа, кога станува збор за вештините, малку е потешко да се направи ваква анализа, бидејќи, во моментов, AI може да помогне во создавањето политики и да одговори на ризиците, но далечна ѝ е способноста за вешто преговарање или изготвување политики кои ќе одговорат на приоритетите на јавноста. Во следните неколку децении, луѓето сè уште ќе бидат потребни за да се обезбеди емоционална интелигенција и креативност на политичката сцена, но, како што напредува AI, новите машини можат да станат способни да вршат сложени задачи. Покрај тоа, особините ќе бидат најтешкиот аспект за реплицирање, бидејќи машините можат да дејствуваат исклучиво како рационални суштества. Присуството на човечки суштества во власта најверојатно ќе биде неопходно во догледна иднина.

Имајќи предвид дека Комисијата на ЕУ објави стратегија за промовирање на употребата и развојот на AI, прашањето во југоисточна Европа никогаш не било истражено. Верувам дека треба да ги процениме последиците од сè поприсутното вкрстување на AI со политиката. Треба да дебатираме за тоа во каков вид на свет сакаме да живееме, пред да биде предоцна. Заклучувам со можни сценарија за иднината на демократијата во регионот. Кое сценарио ќе се оствари зависи од тебе, драг читателу. Какво влијание сакаш да имаат интелигентните машини врз иднината на демократијата и улогата на политичарите во регионот?

Едно од можните сценарија за иднината на демократијата во Југоисточна Европа е да се отфрли политиката предводена од AI и да се задржи статус кво. Властите можат да вклучат строго наменски технологии со AI за да ја вратат довербата на граѓаните во нив, преку подобрување на ефективноста и ефикасноста на јавната служба, додека позицијата избран претставник или политичар ќе остане строго човечка професија. Друго можно сценарио е луѓето да одлучат целосно да ја автоматизираат власта и да ја предадат моќта на интелигентните машини, со тоа што ќе ги назначат на одредени клучни позиции.

Но, што ако, за отприлика половина век, луѓето решат да управуваат заедно со интелигентните машини, што значи дека автоматизирани политичари како „Ева“ и човечки политичари ќе се натпреваруваат едни против други за истите места во парламентот. Можеби ова звучи нереално, но тоа е можно сценарио што треба да го имаме на ум додека расправаме за незамисливата иднина на демократијата во регионот. Треба да се размисли дали таквата форма на демократија ќе ја врати довербата на граѓаните во државните институции или ќе даде нови причини за недоверба.

Сабин Селими (Sabin Selimi)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе