Нешто чудно се случува

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

Како да си вршат самоубиство.

Воведоа нов данок на нафтата и бензинот кој ќе ги дотепа 90% од граѓаните и компаниите во Македонија.

Носат нов закон со нови давачки за пасишта, со кој и вака веќе уништеното сточарство дефинитивно ќе го погребаат. Трагедијата да биде и пародија, ставија пашарина и на пчелите.

Во постапка е носење на нов закон за отпад со кој повторно дозволуваат увоз на РДФ гориво и отпад за преработка од увоз. Повторно може да почне труењето на граѓаните во Скопје, Кавадарци, Тетово, Битола...

Следува покачување на електричната енергија, во некои случаи дури и за над 50% од сегашната цена. Пример: компаниите кои купуваа струја од трговци на струја која досега ја плаќаа околу 3 денари за 1 кв/ч, со новите договори ќе ја плаќаат и до 6 денари за 1 кв/ч.

Во државата со месеци нема регистарски таблички за возила, лични карти, возачки дозволи. Неверојатно.

Не сакам да наведувам повеќе. Само една од горе споменатите работи е доволна  со сигруност да ги изгубите изборите. Што размислуваат овие што се на  власт, не ми е јасно.

Од друга страна, во некоја друга држава, само за една од горенаведените работи опозицијата и синдикатите го вадат народот на улици и на масовни протести, до ниво на блокада на целата држава. Кај нас е штама.

Навистина, чудни работи се случуваат?

П.С.  Има една деценииска континуирана кампања и пропаганда, дека „Македончето не го бива“, „ние сме глуп народ“, „ние ништо не правиме“... Ако Заев, Мицкоски и Ахмети мислат дека ова е вистина, па можат да прават што сакаат... тогаш има иднина за Македонија.  

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе