Полемика

Неоживковистичките замаглувања и погледи

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

Сопственикот на новинската агенција БГНЕС, Љупчо Нешков лани во ноември ја разбранува македонската, но и бугарската јавност со контроверзното интервју со премиерот Зоран Заев. Овој разговор во форма на полусериозна политичко-историска „експертиза“ со губитнички политички последици по премиерот Заев, предизвика соодветен интерес и во Србија. Македонскиот премиер и покрај негативните реакции во најшироката јавност и политичката опозиција, доби сероизна критика и од првиот ешалон на сопствените редови, од претседателот Пендаровски и од потпретседателот на Владата, Димитров. Нешков инаку е син на Темелко Нешков, македонски Бугарин и политички затвореник во социјалистичка Југославија, кој длабоко мотивиран со настаните од тешката семејна историја констатираше дека зад реакциите на македонската јавност стои, никој друг, туку „длабоката држава воспоставена 1945 година”. За да подоцна истиот новинар ги повтори поранешните оценки на Љубчо Георгиевски, а го апострофира вицепремиерот Димитров, кој според него е „поголема опасност по Софија, дури и од короната”.

По сѐ  изгледа за Нешков ништо помала опасност не претставува ни Иван Стоилковиќ, претседатеот на опозициската Демократска партија на Србите во Македонија. Најверојатно поради тоа, пренесувајќи делови од интервјуто на лидерот на Србите во Македонија во белградски „Новости”, преземено од Фактор.мк, отворено ја крши професионалната новинарска етика преку намерните грешки во преводот, го вади изговореното од контекст и дава навредливи коментари. „Навредите и клеветите”, според Нешков, со огледаат во оценката на Стоилковиќ дека „односите помеѓу Скопје и Софија се многу лоши исклучиво по заслуга на Софија” и дека со неверување гледа во толерирањето на бруталното користење на уценувачкиот потенцијал (во превод на Нешков „рекетарски”) на Бугарија од страна на големите држави на ЕУ.

Но, навистина каде се тука „клеветите и навредите”? По најновото истражување повеќе од половината македонски граѓани сметаат дека односите помеѓу помеѓу Скопје и Софија (од кои 60% Македонци и 40% Албанци) се развиваат во погрешна насока. Од друга страна, без разлика на засилените критики од Брисел и Вашингтон кои го отвораат прашањето за статусот на малцинствата (и македонското) во Бугарија, официјална Софија сѐ уште не трпи сериозни последици за силните притисоци на кои е изложено македонско малцинство веќе неколку години. Сепак, сѐ позачестените гласови на официјалните претставници на ЕУ, како на пример австриската министерка за европски работи Каролина Едштадлер која бара да се прекине „блокадата на Македонија” со понуда за посредување. Истата понуда наиде на циничен коментар на Ангел Џамбаски, европратеник на ВМРО-БНД кој смета дека големо прашање е кој во овој спор би бил покорисен, Виена или Белград.

Џамбаски, инаку самопрогласен историчар, ги коментираше и последните изјави на Стоилковиќ во „историски” контекст. Такa, според овој приврзаник на пронацистичките „Легионери“,  познат инаку по расистичките ставови кон Ромите  и муслиманите, „српскиот шовинизам е одговорен за непознавање на сопствениот идентитет кај Македонците“. Изјавата на Стоилковиќ кој оценува дека „Бугарија не би постоела без Москва“, дадена во контекст на реакција на изразено недипломатскиот настап на Екатерина Захариева за т.н. антизападни македонски врски со Србија и Русија, Џамбаски ја прокоментира со зборовите дека „без Москва половината историја на Србија во 20.век не би постоела“. На овој политичар целосно непознато му е дека односите помеѓу Белград и Москва често биле и мошне комплексни (1901-1903, 1918-1940, 1948-1987, 1991-1999), додека општо познато е дека Бугарија за време на реалсоцијализмот беше омилена земја во советскиот лагер. И токму благодарејќи ѝ на советската „окупација“, Бугарија избегна драматични територијални, економски и општествени последици на своето учество во Втората светска војна на страната на фашистите.

Џамбаски преку оценките дека „македонизмот го создадоа Србите, Тито и Коминтерна“ всушност само аматерски ги интерпретира ставовите на „државните“ бугарски историчари, кои во нов идеолошки формат ја нудат живковистичката матрица за национално „освестување на Бугарите во Македонија“. Меѓутоа, за разлика од времето кога Живков го користеше овај наратив во контекст на сериозните судири на студената војна на Балканот, овие структури воопшто не ја разбираат динамиката на современите српско-македонски односи. Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија, и истите не можат да се темелат на еднодимензионални историски интерпретации.  

Д-р Владимир Тодиќ

(Авторот е еден од најпознатите доктори по историски науки во Србија, кој е одличен познавач на балканската современа историја)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе