Нелегалниот Хашки трибунал - виновниците им судат на жртвите

Трибунал беше основан со цел да се покријат натрупаните грешки на една политика на Западот.

 

Деновиве вест број еден во регионот е Хашкиот трибунал со доживотната осуда за Ратко Младиќ и 20-годишната осуда за Слободан Праљак и неговото самоубиство. Во оваа насока да го отворам прашањето, прво, за недостигот на правна основа на Хашкиот трибунал, и второ, судењата во Хаг се инверзија на злосторникот и жртвата.

За нелегалноста на Хашкиот трибунал

Советот за безбедност на ОН на својата 3.217-та седница од 25 мај 1993 ја усвои Резолуцијата 827 за основање Меѓународен кривичен трибунал за поранешна Југославија. Меѓутоа, меѓународно правно опсервирано изворот на судската надлежност може да биде само меѓународен договор, а не резолуција, како што тоа го има констатирано и генералниот секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали, во својот извештај до Советот за безбедност од 3 мај 1993.

Впрочем, актот со кој формално-правно беше фундиран и Нирнбершкиот кривичен трибунал по Втората светска војна, беше мултилатерален меѓународен договор.

Меѓутоа, во 1993 за првпат по Нирнбершкиот преседан, за поранешна Југославија беше одговорено со основање на меѓународен ад хок кривичен трибунал со резолуција, а не со меѓународен договор.

Затоа, може да се спори легалноста на овој т.н. трибунал поради недостигот од правна основа за неговото основање. Меѓународниот суд може да има авторитет ако актот за негово основање е донесен „легис артис“ и само ако е од општа природа. На Хашкиот трибунал му недостасуваат и двата елемента. Актот за основање е од индивидуална природа, а то значи дека е политички акт.

Се поставува и прашањето, зошто во изминатите 25 години Хашкиот трибунал не го искористи своето овластување од членот 96 од Повелбата на ОН да побара одобрение од Генералното собрание и да се обрати до Меѓународниот суд на правдата за советодавно мислење, дали Резолуцијата на Советот за безбедност со која беше основан овој т.н. суд, е во согласност со Повелбата на ОН или не? Меѓутоа, Хашкиот трибунал го направи спротивното, односно, си даде себе си за право сам да одлучува за тоа дали е воспоставен врз правна основа или не, и како што можеше да се очекува, заклучи дека е легален иако не значи дека тој заклучок е точен, ниту дека тој имаше право да донесе таков заклучок. Овој т.н. суд, како и ниеден друг суд, не е овластен сам да суди за својата легалност и неговата одлука по ова е правно безвредна.

Патем, судовите се овластени да одлучуваат за својата надлежност, за тоа дали се компетентни за одредено прашање или не, меѓутоа, прашањето на надлежноста на еден суд и прашањето на неговата легалност се две потполно одвоени прашања. Прашањето за легалноста е постаро во однос на прашањето за надлежноста, затоа што ако судот не е легален, тогаш прашањето за неговата надлежност е беспредметно.

Исто така, елементарниот правен принцип претпоставува еднаквост, па се поставува прашањето зошто не се формираат судови за сите војни кои се водат ширум светот, иако нема принципиелни причини, дека такво нешто со формирање на ад хок кривични трибунали, кога би било легално, би можело да се примени за сите војни. Оттука, Хашкиот трибунал претставува тешка дискриминација против југословенските републики и газење на конвенцијата за забрана на сите форми на дискриминација.

Виновниците им судат на жртвите

Распадот на СФРЈ беше проследен со крвави судири на етничка и религиозна основа, а силната медиумска кампања и измамата на светската јавност, со кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН, доведе до инверзија на злосторникот и жртвата. Ова се гледа преку улогата на Германија во распадот на СФРЈ на начин што братските југословенски народи претходно ќе се испотепаат помеѓу себе. Германија успеа да ја постави сцената за крвавото сценарио во услови кога внатрешните противречности во СФРЈ беа изострени до најпосакуваната можна мерка.

 

Имено, личности во државниот врв на Словенија и Хрватска во тоа време се поранешни дисиденти каде што ги поминуваа разузнавачките филтри за активности против СФРЈ. Во 1989, германската шпионска служба веќе имала контрола врз републичките служби за државна безбедност на Словенија и Хрватска, иако овие формално се дел од југословенска служба. Одлучувачкиот период започна со Клаус Кинкел на чело на германската шпионска служба, кој воспостави врски со усташката емиграција. На пример, клучните хрватски фактори кои работеа на разбивање на Југославија беа Јосип Манолиќ, Јосип Бољковац, Стипе Месиќ и Фрањо Туѓман. Месиќ својата улога ја потврди и на телевизија, каде што изјави дека идејата за разбивање на СФРЈ сакаше да им ја пренесе на оние кои имаат силно влијание врз нејзината судбина, односно, на Ханс Дитрих Геншер и Папата. Месиќ продолжи: „Со Геншер се состанав три пати. Тој ми овозможи контакт со Светата столица. Папата и Геншер се сложија со потполно разбивање на Југославија по секоја цена“.

Желбата на Германија по секоја цена да ја растури Југославија, подоцна ја потврдија и влијателни политичари во тоа време иако биле свесни за големото крвопролевање.

Поранешниот американски државен секретар, Ворен Кристофер, на 18 јуни 1993 година во интервју за Ју-Ес-тудеј што го пренесе и германскиот Ди-велт, истакна дека Германија е главниот виновник за ескалацијата на југословенската криза, односно, во текот на целиот процес на признавањето, а пред сѐ за време на прераното признавање (на Словенија и Хрватска) беа сторени тешки грешки, за што особена одговорност носат Германците.

Поранешниот француски министер за надворешни работи, Ролан Дима, во изјава што ја пренесе Зидојче цајтунг од 21 јуни 1993 година, критикувајќи ја ЕЗ поради признавањето на Словенија и Хрватска, укажа на избрзаниот и ненадеен начин, со што беше трасиран патот кон распадот на Југославија, а одговорноста на Германија и Ватикан за забрзување на кризата е очигледно енормна.

Уште еден непосреден учесник во овие случувања, тогашниот холандски премиер Руд Луберс, кој во 1997 година зборуваше за тоа дека германскиот канцелар Кол по пат на притисок го изменил ставот на ЕЗ дека не би требало да се признае независноста на Хрватска со цел да се избегне граѓанската војна, притоа уште додавајќи: „Министерот за надворешни работи, Ван Ден Брук и јас, без разлика што и да правевме, сепак останатите Европејци можеа само да се чудат, но Германија самостојно реши докрај да ја истера работата. Тоа беше катастрофално“.

Со еден збор, беше отворен патот за безумието, а формирањето на Хашкиот трибунал беше со цел да се покријат натрупаните грешки на една политика на Западот и да го оправдат злосторството бидејќи постоеше заеднички злосторнички потфат преку здружените сили на сецеонистите од Германија и Ватикан, а потоа и од останатите земји на тогашната ЕЗ и САД.

                                                                            Јанко Бачев

(Авторот е универзитетски професор и претседател на Народно движење за Македонија)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе