Надворешни експерти ќе бираат кандидати за пратеници на СДСМ!?

Ако во своите редови нема доволно компетентни лица кои можат да извршат избор на кандидати за пратеници, тогаш работите се отидени во погрешна насока.

Вчера на една ТВ дебата, а денеска и на порталите, разбирам дека ќе бидат користени и надворешни експерти при изборот на кандидати за пратеници на СДСМ. Ова произлегло од вчерашната седница на ЦО на партијата. Со тоа СДСМ ќе ја потврдел својата „транспарентност, инклузивност и професионалност“. Иако (вообичаено, но не и во пракса практикувано) постапката за избор ќе почнела во базата – месните одбори и општинските организации кои ќе предлагаат кандидати, а ќе има и можности за самокандидирање, новост во постапката било формирање на работна група која ќе формира ранг листа на кандидатите. До овој момент работите се јасни, меѓутоа изненадувањето произлегува од продолжението (кое се претставува како важен напредок!?) во кое се вели дека  работната група во својот состав задолжително ќе вклучува „надворешни експерти од различни области“ и дека групата ќе одлучува врз основа на строго утврдени критериуми.

Дали надворешните експерти ќе бидат запознаени со партиската програма? Дали ќе учествуваат и експерти кои не се од СДСМ, дали....уште многу прашања?

Од ТВ дебатата (можеби грешам) добив впечаток дека под надворешни експерти (а во изјавата не е појаснето) се мисли на странци. Но, и да не се странци, кои се тие надворешни експерти од разни области и каде ги завршиле своите обуки за да можат да проценуваат тоа што базата предложила? Кои се критериумите по кои (ако?) тие ќе проценуваат? Дали под закрила на експертите ќе се крие одлуката на најтесното раководство?

СДСМ е стара и организирана партија. Ако во своите редови (раководствата) нема доволно компетентни лица кои можат да извршат избор на кандидати за пратеници, тогаш работите се отидени во (многу?) погрешна насока.

Доколку пак навистина станува збор за странски експерти, тука веќе се отвораат уште многу други прашања. Сериозни прашања. И ова се пласира во време кога една жена која беше на висока јавна функција (за која сите зборуваат дека е предложена од странците) сега е предмет на истражување и судење и од која сега сите партии се оградуваат.

Народен пратеник, во принцип и во демократски држави, е сериозна функција. Покрај моралните, бара и стручни и професионални познавања. Бара чесност и посветеност кон државата и работата (може и малку надомест за патни трошоци). За жал, кај нас веќе подолго време пратениците се само гласачка машина. Со сета почит кон сегашните (уште неколку дена) пратеници, од 120 вкупно, можеби на улица би препознал 10-15 пратеници. Го делам мислењето на многумина пријатели, како и високи политичари во минатото, дека најдобар пратенички состав државата го имала во првиот состав, првиот повеќепартиски состав на Собранието.

Сигурен сум дека тогаш надворешни експерти не влијаеле на изборот на пратениците. Народот ги избрал.

Во таа смисла и насока:  што побргу да се воведе една изборна единица и отворени листи! А надворешните експерти нека се занимаваат со тоа за што се обучени и стручни.

Александар Тавчиовски    

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе