Национален парк Шар Планина – историска можност за Mакедонија

Пред четири години, фотографија од младенче на балканскиот рис од Северна Македонија предизвика голем интерес во меѓународните медиуми, нешто што не беше видено повеќе од деценија.

Денес, се смета дека едвај педесетина од овие критично загрозени големи мачки се останати во земјата, а и самото забележување на рис во регионот дава надеж дека тие повторно ќе се вратат.

Популацијата на рисот веќе децении наназад бележи опаѓање. Нелегалната сеча, трофејното убивање, преголемата експлоатација на вода и ловокрадството влијаеше на намалување на популацијата на оваа мачка, но и на општата деградација на животната средина.

Сепак, прогласувањето на национален парк на дел од територијата на Шар Планина е историска можност за Северна Македонија. И тоа не само за балканскиот рис кој е симбол за целиот регион и едно од најретките животни во светот, туку и за македонските граѓани. И покрај релативно малата територија, Македонија е многу важна за биолошка разновидност на Европа. Дури две третини од растителните видови на земјата, како и кафеави мечки и балкански дивокози, се среќаваат на Шар Планина.

Во време кога природните екосистеми, а со тоа и здравјето на луѓето се загрозени, дискусиите кои се водат во Собранието на Северна Македонија за прогласување национален парк можат да дадат важен придонес кон глобалните напори за запирање на огромната загуба на биолошката разновидност.

Како дом на триесетина села и повеќе од 26.000 жители, Паркот може да поттикне еко-туризам и да отвори можности за вработување на заедниците во регионот. Ако трагедијата наречена ковид-19 нè научи на нешто, тоа е дека мора да дадеме приоритет на безбедна и одржлива егзистенција за заедниците и да ја заштитиме природата од која зависиме, заради ментална, физичка и економска благосостојба. Овој потег за формирање Национален парк „Шар Планина“ е моќен чекор за постигнување на двете цели. УНЕП е горд што од 2016 година го поддржува ова возбудливо заедничко патување со Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, преку проект финансиран од Глобалниот Фонд за животна средина.

Таквиот потег, исто така, обезбедува корисни лекции за успешна меѓународна соработка за еколошките предизвици, при тоа воспоставувајќи едно од најголемите прекугранични заштитени подрачја во Европа, распространето низ неколку држави на Балканот. Таквиот потег доаѓа во година на пресвртница за акциите во животната средина. Во текот на годинава, државите ќе ја финализираат амбициозната рамка за заштита на биолошката разновидност по 2020 година. Во јуни, ќе ја започнеме Декадата на ООН за обновување на екосистемите, како глобално движење за поддршка на државите во насока на запирање на деградацијата на земјиштето. А зголемената заштита на богатствата на нашата планета, носи придобивки за секого.

Во Обединетите Нации гледаме дека заштитените подрачја, вклучително и националните паркови, можат да работат за луѓето и животната средина. Затоа не се изненадувачки резултатите од неодамнешното истражување кои покажуваат дека повеќе од 82 отсто од анкетираните даваат поддршка за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Се разбира, не можеме едноставно да поставиме ограда околу парче земја и да сметаме дека сме завршиле добра работа. Мораме подеднакво да се посветиме на запирање на загубата на биолошката разновидност и надвор од заштитените подрачја. Ова подразбира тесна соработка со заедниците, со локалните бизниси и со веќе започнати инфраструктурни иницијативи, за да се демонстрира дека навистина е можно да се живее во хармонија со природата. Обезбедувањето интегритет на уникатниот екосистем Шар Планина и за идните генерации ќе значи целосен преглед на влијанието врз животната средина од која било постоечка или планирана инфраструктура што може да го наруши екосистемот и решеност да се идентификуваат алтернативи за да се избегне штетата врз животната средина.

Северна Македонија се наоѓа на работ на врвно достигнување со кое можат да се гордеат и идните генерации. УНЕП останува на својата заложба за поддршка на државата во сегашните напори и на патот кон иднината.

Ингер Андерсен, извршен директор на Програмата на Обединети Нации за животна средина

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе