Нa бугарските политичари воопшто не им доаѓа паметот

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

Бугарските политичари пуштени на нај јако. Во еден глас ми велат, ти си креација на Тито. Твојот јазик во основа е бугарски. Твојата историја до 1945, е бугарска. „Признај п....ти м..ина“ ако сакаш во ЕУ.

Татко ми е роден 1931. Фала му на Господ, жив и здрав. Мајка ми е родена 1937, фала му на Господ, жива и здрава. Па како да признам и да згазам на нивното достоинство и нивните чувства. Дали овие политичари знаат што прават и што бараат. Сигурно не знаат. Но јас знам, дека сите до еден се родени и одгледувани во најмрачната форма на комунистичко уредување, без преседан во човечката историја. Мрачни 45 години на комунистичка диктатура под палката на СССР. Кога зборуваме за историјата, треба да почнеме од онаа за која сме сведоци и ние и они. За жал, Бугарите сакаат да го избришат тој дел од нивната историја и да го фрлат во заборав.

Одат уште подалеку и сакаат да ја избришат и историјата од Балканските војни, Првата светска војна, Втората светска војна. Во целиот тој период, Бугарите на погрешната страна, освен во првата Балканска војна. Секојпат биле на погрешната страна само поради една причина, Македонија. Упорни да присвојат нешто што никогаш не им припаѓало.

Сега Бугарија ја водат политичари кои се оптоварени со овие фрустрации. Фрустрации поради кои се изгубија десетици илјади човечки животи. Сега проценија дека и без жртви ќе присвојат нешто што нивните предци не успеале.

Ова лудило во последните неколку месеци не е ништо друго, туку посегнување по Македонија. Не е важно дали има македонски јазик, македонски народ, македонска историја. Важно е Македонија да не биде членка на ЕУ. Бидејќи со нејзиното членство во ЕУ, завршува сонот и можноста за лечење на бугарските фрустрации за Бугарија до Охрид.

Со нивниот влез во ЕУ, заврши сонот за излез на Бугарија на Белото море. Тогаш не бараа од Грција да ги избрише таблите во Драма, Серес, на кои стои „бугарскиот фашистички окупатор“. Тогаш од Грција не бараа да ги променат учебниците по историја во која се зборува за „бугарскиот фашистички окупатор“. Не бараа, бидејќи беа немоќни.

Денес тоа го бараат од нас бидејќи мислат дека се „моќни“. Но, како и стопати досега, повторно грешат и повторно се на погрешната страна.

Ангел Наков

П.С.   Текстот важи за политичарите, не за бугарскиот народ.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе