Промоција на албум

Момóма на Фолтин: некомерцијално, раскошно и блудно

Што е ново? Па тие се менуваат и зреат, се навраќаат на некои заборавени ритми на движење, ретро, знаат да ги оживеат и да ги направат актуелни без разлика дали ве вовлекле одново во 70-тите.

Како Џорџо Мородер и неговиот Миднајт експрес да скршнале до кај Битола, го ловите моментот како на диско подиум синхронизирано мрдате со колковите безрезервно верувајќи му на Бране и се впуштате во поттикот за нови љубовни патешествија, такви какви што самите ќе си ги искреирате во вашиот ум. Некомерцијално, раскошно и блудно.

Љубовен, заводлив, нежен, суптилен, пијаниот Славеј го враќа шармот на шлагерскиот ритам, инструментално моќен. Гитарата е новото освежување наместо хармониката, или, како што Бране го претстави, „Пеце Трајковски-Брада – на гитаромоника“.

Басот, пак, качувајќи се по нагорна линија, на моменти потсеќа (Чекор) на мал фрагмент од „Истекувам“ на Мизар, за да се развие во џезерска рапсодија, давајќи ѝ значење на колективната врска помеѓу сите членови во бендот, дефокусирајќи ве на моменти од лиричните заведувања на Бране.

Фолтиновски разголени и бесрамни, заминуваме од подиумот накај дома и охрабрени си даваме трета среќа за нова љубов, па макар и да е „Ма-ма-мачка во вреќа“.

Ако досега Везилка беше троновски закотвена на врвот на листата најомилени топ-песни од Фолтин, време е за фино утринско будење, наспани и гладни. За новите љубовни чуда што Момóма ќе ви ги донесе само подајте рака.

Билјана Пејовска

ПС. Доколку по пат соберете некој плакат од најблиската бандера, вечерта во глава ја имате „Несоница“ на рипит.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе