Министре Спасовски, испитувањето на рекетарството нека почне од Комората за обезбедување

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

Земајќи предвид дека МВР сѐ уште не започало со чешлањето на агенциите за обезбедување, ја користам приликата да му сугерирам на Спасовски да започне од Комората за обезбедување на лица и имот.

Имено, Комората за обезбедување на лица и имот десетина години работела како фантомска организација под закрила на полициското подземје кое го контролира бизнисот со лиценци за обезбедување.

Општо познато е дека еден правен субјект може да започне со работа откако ќе добие решение за регистрација од надлежен орган (Основниот суд Скопје 1, а од 2006 оваа надлежност премина кај Централен регистар). Меѓутоа, таканаречената Комора за обезбедување на лица и имот е формирана на приватна полициска седенка и десетина години никаде не била регистрирана.

Така, полициското подземје, преку оваа криминална и никаде не регистрирана Комора, за десетина години издала околу 20 илјади лиценци и службени легитимации на лица од агенциите за обезбедување остварувајќи профит од околу 10 милиони евра.

Притоа, локални полициски службеници како своевидни деташирани претставници на полициското подземје, без никаква теоретска и практична обука за сума од околу 500 евра делеле лиценци за обезбедување на лица и имот. Ваквата регрутација на обезбедувачи пак, добар дел со завидни криминални досиеја, не овозможува грижа за сигурноста на објектите и лицата во нив и сега јавноста очекува министерот Спасовски да ја расветлува нивната поврзаност со рекетарство.

Најавата за чешлање на приватното обезбедување поради поврзаност со рекетарство, Спасовски треба да ја започне од фантомската Комора под закрилата на полициското подземје кое во заднина на криминален начин во еден период од десетина години го контролира бизнисот со лиценци за обезбедување на лица и имот остварувајќи ги на тој начин своите високо профитабилни криминални интереси со приходи од милиони евра.

Значи, безбедноста и сигурноста на граѓаните недозволиво се препушта на некои приучени обезбедувачи со лиценци добиени на жими мајка, од фантомска Комора за обезбедување на лица и имот. И граѓаните како даночни обврзници очекуваат да ја добијат посакуваната сигурност. Па кој ќе остварува профит од милиони евра тогаш од вака воспоставената состојба во која граѓаните се заложници во шемата на полициското подземје заради рекетирање и остварување на профитабилни интереси.

Затоа, МВР најитно најпрвин треба да започне со испитување на десетгодишното фантомско работење на Комората за обезбедување на лица и имот. Не е на одмет да споменам дека во секоја соодветна прилика Спасовски не пропушта да истакне дека мора посветено да се работи за зголемување на довербата кај граѓаните во полицијата.

Одлично! Тогаш, ете моите наводи во овој текст нека бидат во насока на зголемување на довербата во полицијата, и во контекст на кажаното од Спасовски, МВР сега треба да ги испитува овие наводи, дека во Република Макеоднија проблем со обезбедувањето е полициското подземје кое десетина години преку фантомска Комора издавало незаконски лиценци на лица што вршат дејност обезбедување на лица и имот.

Затоа, верувам дека напишаното ќе допре до министерот Сапсовски, кој, како прв човек на најодговорното министерство за сигурноста на граѓаните, ќе даде потребни насоки за расчистување на хаотичната и висококриминализирана состојба со десетгодишното незаконско работење на една фантомска комора.

Се разбира, ќе биде корисно доколку овластените лица во МВР постапувајќи по евентуалните министерски насоки, ги проценат на вистински начин околностите со функционирањето на полициското подземје и неговата фантомска Комора, бидејќи, немилите настани што станаа наше секојдневие, доколку не се преземат потребните мерки, во согласност со нивната природа ќе се случуваат на истиот начин - повторно.

Јанко Бачев

(Авторот е универзитетски професор и претседател на Народно движење за Македонија)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе