Мeктуп или кубура

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

Антологиски виц: Агата му наредил на Македонецот да се намести за да може да го силува (без употреба на сила, туку само со закана). Кога Македонецот ги откопчал панталоните, му паѓа кубурата. Агата го прашува: „а бре каур, што е оваа“. Макеоднецот му одговара: „Оваа е кубура аго“. „Што ќе ти е таа кубура“, прашува агата. Македонецот со наведната глава му одговара: „За не дај Боже, аго“.

Деведесет и девет проценти од Македонците се смеат на овој виц и извлекуваат погрешен заклучок за пораката од вицот. Имено, под покровителство на македонските ПР служби во изминатите триесетина години, наметнат е заклучокот дека „македончето не го бива за ништо“.

Всушност, пораката од оваа приказна е за остроумноста и способноста на Македонците да преживеат и опстанат низ историјата. Македонецот кубурата ја чувал навистина за „не дај Боже“, бидејки половото насилство на агата врз него, не е најлошото што може(ло) да го снајде. Кога ќе дојде „ножот до коската“ сведоци сме на силата, храброста и борбата на македонскиот народ. Ако не верувате, пробајте да му земете едно метро од дворот или нивата на вашиот комшија.

Македонските политичари кои 30 години на своите граѓани им продаваат илузии, сметаат дека насилството може да продолжи до бескрај. Но, не ќе е така. Нека добро го анализираат вицот со кубурата и размислат која е вистинската порака од него.

Во Македонија од ден на ден се крева гласот на незадоволство на народот против политичарите кои не раководат три децении. Секојдневно, македонските граѓани го искажуваат незадовослтвото од политичките и економските елити кои Македонија ја претворија во приватна сопственост со тапија. Во илузијата на „наши и ваши“ веќе никој не верува. Квази прес конференциите „го прашуваме ... да каже“ не ги следат ниту најверните партиски членови. Сиромаштијата е реалност за над 500.000 граѓани. Во наредните десетина месеци ќе стигне до бројка од 1.000.000 граѓани. Вистинска катастрофа.

Од друга страна „нашите и вашите“ масовно купуваат имоти во сончевата Грција. Се нервираат бидејки требало да чекаат една година да им биде испорачан новиот „џип“. Во паника од можноста за колапс на еврото или доларот и уште којзнае колку слични „егзистенциjални проблеми“. Понекогаш и нивните деца им прават проблеми, кога на роденденски забави палат цигара со банкнота од 500 евра.

Ако некому не му е јасно, набрзо ќе му се разјасни. Кога половина од населението на државата ќе живее во сиромаштија, а 1.000 луѓе не знаат што да прават со украдените пари од истите тие граѓани, тоа е онаа „не дај Боже“ кога Македонецот ќе ја извади кубурата.

Ако се вратиме во турско, Македонецот пред да ја извади кубурата ја користел и демократската алатка да прати „мектуп“ (писмо) до султанот за неправдата што му се нанесува од локалните аги и бегови. Вообичаено од султанот стигнувал „ферман“ (указ, наредба од повисока власт) со кој ги решавал овие проблеми и немало потреба кубурата да се вади.

Сега македонските граѓани праќаат „мектуп“ до нашите меѓународни пријатели дека работата во Македонија не ја бива. Македонските граѓани го чекаат „ФЕРМАНОТ“ од нив.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе