Меѓународноправна заштита на малцинските права

Тиранската платформа“ е друг пат на македонскиот народ да му се одземе правото на самоопределување.

Кога некому нешто му е забрането по еден пат, не смее да му биде дозволено да дојде до тоа по друг пат. (Cum quid una via prohibetur alicui, ad id alia non debet admitti (KRANJC, Janez, Latinski pravni reki-2. izd.-Ljubljana: Cankarjeva založba, 2000, стр. 60).

Претставници на ЕУ кои го притискаат претседателот д-р Ѓорге Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев го кршат меѓународното право. Треба да потсетиме дека ЕУ не ја има ратификувано Европската конвенција за човекови права на Советот на Европа, што имплицира понизок стандард во однос на Македонија, која што ја има ратификувано.

Така, ЕУ не може да биде тужена пред Европскиот суд за човекови права заради кршење на човековите права содржани во Европската конвенција за човековите права на Советот на Европа.

Ова е веројатната причина, поради која Хан, Могерини и Туск притискаат претседателот Иванов да ги прекрши човековите права на македонскиот народ.

Меѓутоа, ЕУ го крши сопственото примарно право, кое во преамбулата се обврзува дека ќе ја почитува Повелбата на ОН. Член 103 од Повелбата на ОН одредува дека одредбите на Повелбата на ОН имаат предност пред одредбите на кој било меѓународен договор, што значи и пред примарното право на ЕУ, кое е содржано во меѓународен договор.

Ако се има предвид дека сите човекови права, своето постоење му го должат на најважното човеково право, правото на самоопределување од член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ОН (проф. д-р Ернест Петрич), тогаш е јасно дека „тиранската платформа“ е друг пат на Македонскиот народ да му се одземе правото на самоопределување.

Албанското малцинство се обиде со војна 2001 да го реализира правото на самоопределување, спротивно на меѓународното право, бидејќи малцинството нема право на самоопредлување. Неуспешно.

Дека малцинството нема право на самоопредлување тврди и д-р Фрчкоски: „Правата на малцинствата не се поврзуваат со автономија, со внатрешно самоопределување, со сецесија или со самоопределување, напротив јасно се нагласува дека малцинствата немаат право на самоопределување..." (ДАНАИЛОВ Фрчкоски, Љубомир и други, Меѓународно јавно право, -Скопје, Магор, 2012, страница 362).

Субјект на правото на самопределување е само народот (Dr. Еrnest Petrič, Pravica do samoodločbe, Založba obzorja, Maribor, 1984, stran 105.). Во Македонија, тоа е македонскиот народ.

Правата на малцинствата, меѓу кои и албанското, се одредени во член 27 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права: „Во државите, во кои што живеат етнички, верски, или јазични малцинства, не смеат да им бидат одземени правата, да имаат, заедно со другите членови на својата заедница, посебен културен живот, да ја изведуваат и исповедуваат својата вера, или да го употребуваат својот сопствен јазик“ (Dr. Ernest Petrič, Mednarodnopravno varstvo narodnih manjšin, Založba obzorja, Maribor, 1977, stran 353, prevel M. P. ).

Од членот 27 на Пактот, се гледа дека единствена обврска на државата е да не забрани користење на наведените права, а не да ги финансира тие права.

Сега, албанското малцинство, тоа што не му успеа со војна, сака да го реализира преку „тиранската платформа". Кога еднаш ќе добие статус на народ, ќе стане и субјект на правото на самоопределување и еден ден може да го искористи правото на отцепување, кое е дел од правото на самоопределлување.

Партијата, СДСМ, за која е општо познато дека ја сочинуваат припадници на македонскиот народ, со своите дејства по изборите, ја прифаќа „тиранската платформа". Со тоа, СДСМ, се согласува малцинството да стане народ и да стане субјект на правото на самоопределување и губење на државата на македонскиот народ.

Комунистите се најзаслужни за остварување на правото на самоопределување на македонскиот народ. СДСМ е правен сукцесор на комунистите. СДСМ долги години владееше со Македонија, а последниве 11 години со Македонија владее десната опција ВМРО.

СДСМ не може ова да го поднесе, бидејќи долго време владееше со Македонија и најдобро ги почувствува привилегиите што ги носи власта.

Но, поголемиот дел од македонскиот народ не гласа за СДСМ, на неколку избори по ред. СДСМ реши да дојде на власт со помош на албанското малцинство.

Погоре, докажав дека тоа што СДСМ е подготвен да го направи со албанското малцинство е во спротивност со меѓународното право. Тоа е робување на албанското малцинство.

СДСМ треба да ја отфрли „тиранската платформа" и да владее со поддршка на 51 пратеник на ВМРО.

Според еден од најугледните меѓународни правници, проф. д-р Ернест Петрич, малцинството мора да биде лојално (Dr. Ernest Petrič, Mednarodnopravno varstvo narodnih manjšin, Založba obzorja, Maribor, 1977, stran 151.). Војната во 2001 и „тиранската платформа" се доказ дека албанското малцинство не е лојално.

СДСМ треба на албанското малцинство да му ги одземе правата што му ги даде со охридскиот договор. Албанското малцинство треба да ги ужива само правата што ги предвидува меѓународното право, тоа е член 27 од Пактот. Културни обичаи, вера и употреба на својот јазик.

Во Словенија во парламентот е загарантиран само еден припадник на италијанското малцинство и еден припадник на унгарското малцинство. Нема партии на малцинства. Нема ниту еден факултет на малцински јазик. Се работи за припадници на малцинства, чии матични држави се многу поголеми и посилни од Словенија. Малцинствата во Словенија се лојални на државата Словенија.

Еден коњ го имал едно пасиште само за себе. Меѓутоа, дошол еден елен и тој почнал да паси на истото пасиште. Коњот, сакал да му се освети на еленот и го прашал еден човек, дали би му помогнал да му се освети на еленот. Тој му рекол дека ќе му помогне, доколку го фати за уздите и доколку го јавне со копје в раце. Коњот се согласил. Кога човекот го јавнал, коњот, наместо да му се освети на еленот, самиот станал роб (Aristotel, Retorika, Ljubljana: Šola retorike Zupančič&Zupančič, 2011, stran 273.).

Д-р Марјан Попески

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе