Малиот Шенгенист

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

 

Во последните неколку месеци, додека Македонија очекуваше датум за влез во Европската Унија, паралелно се креираа т.е. се цементираа новите бастиони на источниот блок на Балканот, Србија и Грција.

Минатата недела со посетата на кинескиот претседател во Грција за прв пат после 11 години, со право може да се каже дека оската на Балканот е конечно официјализирана за понатамошно пенетрирање на Кина и Русија во овој регион. ЕУ и САД се само гледачи на ова тивко, но тектонско пореметување на Балканот.

Локомотивата Кина веќе со години тивко, но сигурно во позадина ја остварува својата цел и мудро го остава во овој регион да ровари со геополитиката истурениот партнер Русија, од што на крајот на денот излегува одлично партнерство и координација. Во меѓувреме, за потребите на мега проектот „патот на свилата“, Кина направи неколку клучни потези со аквизициja на најголемото грчко пристаниште, пропратено со 20-ина трговски договори при последната посета на Шји Џјинпинг. Во исто време Кина во Србија се етаблираше како најголем инвеститор од Истокот во пакет со Русија кои освен инвестиции и интерес, придонесоа за поголем и фер баланс на силите во таа земја.

Србија полека, но сигурно станува мала Кина на Балканот!

Вакви „мали кини“ станици по должината на патот на свилата се немоновни за еден ваков мега проект да успее. А тоа Кина и те како знае и умее да го оствари, си имаат 100 годишна стратегија и имаат време за сѐ.

На Балканот првата фаза од овој проект е завршена пред една недела, следната поголема фаза со позитивен епилог ќе следи за 5 години. Грција и Србија беа избрани како идеални земји кои со својата географска местоположба (копно/море) нудат пенетрирање во две насоки истовремено - североисток. Во иднина можна е уште една „помошна“ попатна станица, преку која само ќе се финализира балканскиот дел од рутата, особено копнената иницијатива за брза линија Атина-Хамбург виа Скопје, Белград и Будимпешта.

Новите граници на економското влијание на Балканот се исцртани. Очекуваното финале дојде. Кој го гледаше имaше што да научи - маестрални шаховски потези на мудриот црвен змеј кој секогаш имал време за маратони.

Кој не знаел дека има финале во соседството ќе си плати поскапа карта, ама многу поскапа карта за следното финале во 2030 година. Добро, навикнати сме секогаш да плаќаме десет пати повеќе. Прашањето е дали оваа земја има лидер и визионер кој ќе ја понесе нацијата во глобален поход, со отворање кон светот, со договори за трговија со Африка, Азија, па и Марс ако сакате!

Последниот пример со поканата до Македонија да се приклучи кон Евро-Азиската унија предводена од Русија, која уште недочитана, беше експресно одбиена (небаре очи ќе ни вадат таму), е проблем со кој се соочува Македонија. Сервилноста и недостатокот на визија е сериозен проблем на нашите политичари во последните 30 години. Замислете, Сингапур, економското чудо од Азија е последниот член на оваа унија. За домино ефектот да не говорам. До каде сме со AFCFTA или пак ASEAN!?

Во ред е една земја да проектира агенда за влез во ЕУ, но план Б, Ц, Д додека влеземе во 2050 година треба да имаме. И посочете ми една земја од ЕУ која НЕМА повеќе економски сојузи на глобално ниво? Ниту една, сите членки на ЕУ имаат ФТА (free trade agreements) со најмалку 5 други економски сојузи во Азија, Африка, Aмерика.

Затоа генерациската промена во Македонија е едно големо ТРЕБА! Сервилната генерација на малиот шенгенец (генерација Х) во најскоро време мора да се замени со нова, прогресивна и визионерска генерација на политичари која храбро ќе атакува, освојува и напаѓа како да нема утре. Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава. Што повеќе сојузи, повеќе опции за пласман на производите и услугите. Едноставно е, политиката отвора врати, бизнисот атакува. Придобивките од глобализмот се преголеми за ние како држава да спиеме четвртина век.

Владимир Кофчегарски

(Авторот е директор на Македонскиот совет за надворешна трговија Азија-Пацифик)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе