ДАМОКЛОВ МЕЧ НИ ВИСИ НАД ГЛАВИТЕ

Македонистиката е нашиот духовен родител

Човек се раѓа двапати: првпат од своите родители и вторпат во својот јазик.

Како и досега во однос на јазиците од лингвистички аспект така и сега дозволете да објаснам зошто воведување двојазичност на целата територија со помош на Законот за употреба на јазиците е крајно недозволиво и противуставно.

1. Македонскиот јазик денеска во сопствената држава е во опасно отстапување. Тоа е преседан во споредба со остатокот од регионот, доказ за фалсификаторството на соседите за јазикот. Односно со тоа македонскиот народ во својата единствена држава се откажува самиот од статусот на државотворен народ. Спротивен на Уставот на РМ и амандманот V отстапувајќи од нормата и карактеристичната строгост, концизност и клишираност на изразот. Понатамошна политизација на јазичните права на Балканот не е препорачлива.

2. Се врши дискриминација врз јазиците на останатите малцинства. Ова е селективен закон само за албанскиот јазик. Размислете за проблемот во Босна и Херцеговина и Сејдич-Финци.

3. Албанското малцинство е релативно на целата територија. Апсурдно е да се направи албански јазик за службен јазик во деловите каде што никој не живее од заедницата и тоа со двојазични банкноти, со двојазични униформи на полицијата, пожарната, здравствените работници... Официјалниот јазик не може да се менува во зависност од демографската положба и подмолно да се протурка со европско знаме.

4. Нема на располагање сигурни податоци од последниот попис. Без тие податоци, вистинската бројност на албанското малцинство не може да се утврди.

5. Оружено изнудениот Охридски рамковен договор обезбедува употреба на албанскиот јазик во општините каде што малцинството има повеќе од 20% од населението. Имплементацијата треба да се бара во него бидејќи рамката стои таму, којашто пак е неуставна затоа што е напишана на англиски јазик, а не на официјалниот јазик на РМ.

6. Исто така, за жал, веќе е јасно дека ќе се влошат меѓуетничките тензии. Чувствителни закони како овој се склони кон надминување на нивната првична цел.

7. Целосно непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик, за жал институционално не сме ги исцрпиле сите можности.

Ова денес што се случува со македонскиот јазик во македонската држава се граничи со разум и е без преседан - пример за јазичен геноцид.

Ако мислат на пријателство, соживот и еднакви права треба да побараат соседите да ја признаат Македонија и македонскиот народ, македонскиот јазик во сите македонски места во Албанија, во Грција и Бугарија и да се разговара за третманот на Mакедонците како малцинство, а не за двојазичност и бинационалност.

Двојазичност на цела територија на Македонија е прескап апсурд, предавство на стекнатиот македонски државен идентитет и никој нема право на таа отстапка, никој!

Народе, после изгубен јазик, нема народ, затоа освести се и застани во одбрана на македонскиот народ, јазик и идентитет.

Не за Двојазичност, Не за федерализација, Не за разнебитување на Македонија!

Јазикот ни е единствената наша татковина!

Перчо Божиновски

(Авторот е професор по македонски јазик во Охрид и лингвист на магистерски студии по македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе