Македонија, држава без сопствена територија

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

Ако некој друг знае поинакава вистина и има други факти, нека повели да ја презентира на јавноста.

А фактите се следни:

1. Балканските војни ги дефинираа границите на Балканот. За таа цел се склучија Лондонскиот и Букорештанскиот мировен договор, а  после Првата светска војна и Нејскиот мировен договор. Овие договори со нивните анекси се во сила и ден денес. За да се сменат овие договори, потребно е потпишување на анекс кон овие договори или пак склучување на нов договор. Тоа може да се случи само на два начина: со добра воља  на сите земји потписнички на договорите или пак со војна.

Македонија не е потписничка на овие договори. Според овие договори, Македонија нема своја територија. Територијата на која де факто постои Република Македонија, според овие договори де јуре е територија на Србија. Оваа е единствената вистина и легална позиција на нашата држава. Ние немаме соспствена територија.

Со овие договори не е делена и парчена Македонија, туку со нив се утврдени границите помеѓу Грција, Бугарија, Србија, Турција, Албанија и Романија. Овие земји го користеле легитимниот начин на стекнување на територија, а тоа е војната. За жал и денес во 21 век, ВОЈНАТА сѐ уште е легитимно средство за стекнување на теритроија.

2. Правното наследство на договорите од Лондон, Букурешт и Париз оди преку Кралството Србија, Кралството на Србите Хрватите и Словенците, Кралството Југославија, ДФЈ, ФНРЈ, СФРЈ, Сојузна Република Југославија, Србија и Црна гора и денес Република Србија.

Не случајно, Тито во ноември 1945 година организира избори на кои победува со 93% од гласовите. Тој беше апсолутен победник во Втората светска војна, но со изборите го доби правниот легитимитет и континуитет на Кралството Југославија.

Не случајно, Милошевиќ по излегувањето на Словенија, Хрватска и Македонија од СФРЈ го задржа името Југославија и формално правно никогаш не излезе од неа, туку ја преименува прво во Сојузна република Југославија, а потота во Сојуз на Црна гора и Србија. Сите забораваат дека формално правно СФРЈ не се распадна со договор , туку републиките, една по една, изгласаа независност и напуштање на федерацијата.

Не случајно Киро Глигоров и неговиот тим,  одлучија да се оди со  рефрендумското прашање: Дали сте за самостојна  Македонија со право да стапи  во иден сојуз  на суверени држави на Југославија?

Не случајно во Обединетите нации не ставија на листа на чекање за полноправна членка со референцата, поранешна југословенска Република Македонија. Никој не кажува дека за полноправно членство во ОН еден од условите е, државата да има свое ИМЕ. Ние ги имаме правата и обврските како и сите други членки на ОН, но не сме ПОЛНОПРАВНА ЧЛЕНКА НА ОН.

 

Сите погоре наведени настани се со  единствена цел, да не се доведе во прашање кршењето на горе споменатите договори. Евентуалното прекршување на овие договори, е отворање на вратите на пеколот за Балканот, Југоисточна Европа и Турско-Арапскиот регион.

 

3. Во 1991  година, Бадентер, експертот на Европската Комисија, даде позитивна оценка дека само Словенија и Македонија ги исполнуваат условите да формираат независни држави. Тој заборави само на еден момент, а тоа се горе споменатите мировни договори. Затоа Србија, која во тој момент беше зафатена во војна со Хрватска и имаше слаби меѓународни позиции, побара од Грција да го блокира процесот на осамостојување на Македонија. Бидејќи не постоеше ниту една реална причина, се измисли проблемот со името. Верувале или не, до 1991 година, името Македонија беше апслоутна непознаница за 99,999% од Грците. Само  еден локален весник во Солун се викаше Македонија. Во северните краеви на Грција, користењето на името Македонија беше сметано за анти грчко однесување. Со невидена кампања и огромни финансиски средства, грчката држава успеа да организира огромен митинг во Солун и од тука се креира позната парола „Македонија е Грчка и ќе остане Грчка‘‘ и започна проблемот со името, односно нашата комплетна блокада за полноправно членство во Обединтетите нации, НАТО и ЕУ

4. Не случајно Бугарија нѐ призна прва и тоа под името Македонија. Бугарија е единствената држава на Балканот на која ѝ одговара ревизија на договорите од Лондон, Букурешт и Париз. Бугарија и денес жали што ја изгуби Втората балканска војна и што беше на погрешна страна во Првата светска војна. Така остана без излез на Егејското море, без Струмица, Босилеград...

Бугарија ќе ги направи сите потребни дозволени и недозволени работи, само да дојде до ревизија на горе споменатите договори. Милом или силом.

Грција со сигурност е за статус кво и неменување на договорите.

Србија сака да си ја здржи територијата во Вардарска Македонија.

Албанија отворено претендира на териториите на половина Македонија

5. Имајќи ги предвид горе наведените факти, јасно е дека проблемот со името е театарска претстава за народните маси. Вистинскиот проблем се договорите од Лондон, Букурешт и Версај.

Србија и Грција сакаат статус кво на овие договори, а Бугарија и Албанија сакаат ревизија.

Македонија, очигледно никој не ја прашува. Де факто постоиме, де јуре немаме сопствена територија. Слично на проблемот на Тајван.

6. Решенија има две. За жал и двете не се поволни за Македонија.

Првото решение е по мирен пат да се формира некоја форма на сојуз на суверени држави на Југославија (според одлуката на референдумот од 1992 која сѐ уште е на сила) .

Второто решение е со војна.

Според важечките светски стандарди и двата начина се легитимни за решавање на територијални прашања.   

7. Што би рекле Американците, fucking reality. Но тоа е тоа. Кога пациентот има рак, докторот треба да му ја каже вистината. Нашите политичари, сите до еден без исклучок, не сакаат да ја кажат вистината дека Македонија има рак во почетна фаза. Кога ја знаете вистината (кога имате точна дијагноза) полесно се борите со болеста. Лек има. Лекот се вика народот на Македонија.

Ангел Наков 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе