Крим – територија на мирот и развојот

Мерките на Русија отворија нови можности за подобрување на политичката, економската и правната состојба на сите национални малцинства, за нивната интеграција во економскиот и општествениот живот на регионот.

Во март 2014 година според резултатите на сенародниот референдум Република Крим се врати во состав на Русија. Од тогаш поминаа четири години што е доволно време да се направат и првите заклучоци.

Во моментот на „разводот“ со Украина, Крим претставуваше депресивен регион со деградирана економија и инфраструктура, а животниот стандарт беше на многу ниско ниво. За 23 години кога оваа територија беше во состав на самостојна Украина, киевските власти не инвестираа никакви ресурси во развојот на полуостровот. Бројката на населението на полуостровот континуирано се намалуваше. Згаснаа голем дел од високотехнолошките претпријатија од одбранбената, бродоградилишна, хемиска и прехранбена индустрија создадени уште во времето на Советскиот Сојуз. За неколку пати се намалија количините на земјоделските производи. Назадуваше и туризмот кој порано беше гордост на Крим. Од 1991 до 2012 година бројот на туристите се намали за два пати.

По повторното обединување на Крим со Русија ситуацијата целосно се промени. Платите се зголемија за еден и пол пати, пензиите - за повеќе од два пати. Изградени се и капитално реновирани десетици училишта, болници, детски градинки, специјализирани медицински установи. Одново е создаден системот на снабдување на полуостровот со електрична енергија чија моќност се зголеми речиси за пет пати. За да се реши најактуелниот проблем, обезбедувањето на жителите на Крим со слатка вода беа изградени и повеќе од 100 километри долги водоводи. Се обнови туризмот. Во 2017 година Крим го посетија околу пет милиони туристи. Со високо темпо се обновува индустријата, земјоделството, вклучувајќи го винарството, инфраструктурата. Во 2016 година беа реновирани околу 520 километри патишта, се модернизираат уште 700 километри автомагистрали. Годинава ќе биде пуштен во употреба 16-километарскиот Керченски мост со железнички и автомобилен сообраќај. Мостот ќе го соедини Крим со континенталниот дел на Русија. Исто така ќе бидат пуштени во употреба новиот терминал на меѓународниот аеродром во градот Симферопољ и двете термоелектрани што конечно ќе го решат прблемот со енергетското и транспортно обезбедување на економијата на Крим која многу динамично напредува.

Многу сериозен фактор кој поттикна забрзано реализирање на овие капитални проекти беа злосторничките дејства на украинските власти кои казнуваќји ги жителите на Крим за референдумот, го блокираа снабдувањето со слатка вода и електрична енергија, повеќе пати организираа терористички напади врз социјално значајни објекти и население на полуостровот. Во Киев очекуваа дека ваквата варварска тактика ќе го скрши стремежот на граѓаните на Крим кон ослободување од лудата политика на властите на Украина.

Во реалниот живот пак сè се случи сосема обратно. Народот на Крим виде дека Украина, за да ја врати оваа територија под своја ингеренција, користи отворен терор. Затоа луѓето уште еднаш се убедија дека нивниот историски избор за враќање во единството со Русија беше правилен.

Меѓуетничките разлики станаа најактуелниот проблем наследен од периодот кога Крим беше под украински суверенитет. По распадот на Советскиот Сојуз Киев почна да спроведува политика на укранизација, игнорирајќи ги правата на доминантното руско население на полуостровот, а и на кримските Татари, Бугари, Грци, Германци и другите национални заедници кои традиционално живеат на оваа територија. Најсилно настрада кримско-татарското население (трет по големината етнос во Крим по Русите и Украинците). Тие семејства во доцнасоветскиот и постсоветскиот период се вратија на историската Татковина од Средна Азија (во екот на Втората светска војна кримските Татари и низа други народности на полуостровот биле преселени во Средна Азија поради обвинувањата дека им помагале на фашистичките окупатори). Во текот на речиси 25 години Украина не сметаше за неопходно да преземе ефикасни мерки за рехабилитација на кримско-татарскиот и на другите репресирани народи, да им обезбеди елементарни станбени услови и шанса за социјална адаптација. Кримските Татари беа во понижена и бесправна положба што на Киев му овозможуваше постојано да провоцира меѓуетнички судири. Забелешките за овие, а и за другите нарушувања од страна на Киев на правата на кримско-татарското малцинство повеќе пати ги повторуваа органите за човековите права на ОБСЕ и на Советот на Европа. Но Украина целосно ги игнорираше.

По повторното обединување на Крим со Русија решавањето на националните  прашање станаа приритетна задача. Во 2014 година Киев за потребите на националните малцинства планираше да издвои незначителен износ од 2,5 милиони долари. Русија само во рамките на една програма за развој на Крим, која ќе се реализира до 2020 година, издвои 180 милиони долари за поддршка на етничките заедници на полуостровот. Москва во многу краток период го реализира целиот комплекс на административно-правни мерки кои Украина не можеше да ги оствари повеќе од 20 години. Тоа отвори нови можности за подобрување на политичката, економската и правната состојба на претставниците на сите национални малцинства, за нивната интеграција во економскиот и општествениот живот на регионот. На кримските Татари и на претставниците на другите рехабилитирани заедници конечно им е овозможено да добијат постојано државјанство, слободно да го користат мајчиниот јазик, бесплатно да добијат станови, куќи и парцели, 50% попуст на комунални услуги и делумно бесплатен јавен превоз, како и месечни парични исплати. Во реоните каде претежно живеат кримските Татари активно се градат социјално значајни објекти, домаќинствата се приклучуваат кон гасната мрежа.

Кримско-татарскиот етнос целосно е застапен во раководните органи на полуостровот и во општинските совети на сите нивоа, во безбедносни органи, образовни установи. Руските власти системски им обезбедуваат финанскиска поддршка на медиумите на кримските Татари, за првпат на нивниот мајчин јазик беа објавени учебници и други книги за настава во училишта. За време на истражувањата на јавното мислење спроведени во јануари 2017 година, 75% од кримските Татари рекоа дека се задоволни од животниот стандарт, 65% позитивно ја проценија генералната состојба на полуостровот, 81% не гледаат знаци на меѓунационални тензии.

Русија само за четири години успеа да го претвори Крим од жариште од времето кога  принудно беше под украинско знаме, во успешен регион кој брзо се развива, а на меѓународната заедница ѝ даде пример за ефикасно и хармонично решение за националните прашања. Уште едно сведоштво за сето тоа е одлуката на Меѓународниот суд на ОН кој се откажа да го поддржи монтираното обвинување од страна на Киев на адреса на Русија за уништување на кримско-татарскиот идентитет.

Интересно е да се следи како Киев, кој грубо ги игнорираше правата на кримските Татари кога истите беа под неговите директни ингеренции, денес се обидува да игра на „кримско-татарската карта“ со цел да го делегимитизира повторното обединување на полуостровот со Русија и да ја дестабилизира ситуацијата во Крим. Таквата цинична политика е осудена на дебакл. Во светот остануваат сè помалку луѓе кои сакаат да му веруваат на киевскиот режим кој ја освои власта по пат на државен удар и како продолжува отворено и насекаде да ги крши своите меѓународни обврски, вклучувајќи ги и обврските од минските спогодби. Ако Украина сака да биде дел од цивилизираните држави треба да се откаже од своите деструктивни дејства и да ја почитува јасно изразената воља на народот на Крим кој засекогаш се врати во Русија и заедно со целиот руски народ на својата земја ја создава територијата на мирот и развојот.

Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Македонија

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе