Крај на апсурдните барања на јужниот сосед Елада

Доста е, мили водачи и преговарачи. Нема зошто да се договара, разговара и преговара.

Крајно време е, ако не е и доцна веќе, многу доцна, речиси 30 години да се занимаваме со глупави, апсурдни, штетни и непотребни прашања од историјата, опстанокот и иднината на еден народ и држава, на македонската земја! Доста е драги државници и водачи на земјава, да нѐ оптеретувате со непотребни и безполезни активности и заблуди, од  што нема корист никој во земјава, освен поединци кои најверојатно се потплатени, уценети и се крајно неморални, без образ, што би рекол народот!

Македонија не е на продажба и затоа народот рече крај на преговори со надмените и претенциозни Ромеи (Грци), кои од толку сила и пари што им се даваат од западните земји и кои им направија држава, сега се `заборавија` и веќе уценуваат ли уценуваат!

Доста е, мили водачи и преговарачи. Нема зошто да се договара, разговара и преговара. Република Македонија е призната под уставното име од над 130 земји, и нема причина да се преговара понатаму. Зошто да се разговара со непријателот? Бидејќи доби плодна македонска земја на подарок во почетокот на 20 век, која денес ја храни цела земја и извезува, зашто го купи Солун кој не беше нејзин, за 3 сандаци злато и каде живееше само 4% грчко население, бидејќи прогони илјадници македонски семејства од своите огништа од Егејска Македонија, денес колонизирана со разнородно население, само да се намали македонското... За да не ги плати обештетувањата на истераните и прогонети Македонци од родните огништа!

Итри се тие Ромеи, подли до немај каде. Но, им дојде крајот на нивните итроштини! Македонскиот народ не се предава! Не подлегнува на нивните подли игри за изчезнување на македонската држава. Овој напатен македонски народ доби држава по многу премрежиња, покорувања и тежок живот.

Доста е со заблудите за членство во НАТО и ЕУ под закани и уцени од народот од Етиопија, наречени денешни Грци.

Да се завртиме кон нашата економија, со ресурсите што ги имаме, кон нашето подобро утре со работа, со градење на правна држава, институции што ќе им се на услуга на граѓаните, со идеали и желби за подобро утре.

Накратко да го заборавиме конформизмот и полтронството и гордо напред! Тогаш другите ќе нѐ побараат за нивното друштво, а не ние да молиме пред нивните врати, како да се безценети, а дали се такви. Да ја игнорираме западната цивилизациска хипокризија, да се свртиме кон себе си и кон други неуценувачки земји и водачи! Да си останеме свои на своето, што вели народот.

Да си го задржиме светото име кое ни припаѓа, и толку со непријателите, со предавниците, со полтроните и итреците.

Македонски народе сврти се кон себе и не гледај спас во никого освен во себе самиот. Оваа мудрост јакне низ вековите.

Колективната енергија на македонскиот народ да не се троши на безполезни и гнили приказни за промена на име, јазик и сѐ друго, во име на што, драги мои сограѓани! За што паднале толку жртви во НОБ, во нерамноправните борби со непријателите во минатото.

Драги политичари и водачи на македонскиот народ. Размислете за последен пат, каде ја водите Македонија! Кон самоуништување или кон посветла  иднина, без уцени и валкани игри.

Преговорите пропаднаа, па не требаше ниту да постојат, но простодушниот и наивен Македонец верува, но во кого?

Проф. Др. Марија Зарезанкова-Потевска

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе