Коронавирусот и економијата

Мнозинството граѓани во светот се вчудовидени од мерките што ги преземаат сите држави во светот поради опасноста од ширење на коронавирусот ковид-19.

Мерките се на ниво, како да доаѓа армагедон. Но, тоа е тоа. Очигледно е дека на граѓаните им се одземаат слободите и се ставаат во „домашен притвор“ -  ЗАРАДИ НИВНО ДОБРО. Вонредни мерки, кризна состојба, вонредна состојба, полициски часови, со препорака од властите, НЕ ДИГАЈТЕ ПАНИКА. Па како да не дигаме паника, кога сите влади во светот применуваат ПАНИЧНИ МЕРКИ. На ова што се случува  денес, немаше да верувавме да беше и  научно фантастичен филм, емитуван пред неколку месеци. Но, тоа е тоа. Секој треба да се самозаштити и да се грижи за своето здравје и за здравјето на најблиските. Ако овој вирус се однесува како што се однесува до сега, мали се шансите да замините од овој свет пред време.

Многу важно е прашањето кои ќе бидат последиците. Одговорот е комплексен, но ако сакате да одговорите со три збора – голема економска криза. Од таа криза профит ќе имаат, во помала мера корумпирани политичари низ светот и главно, банкарскиот сектор. Затоа граѓаните треба да бидат внимателни со чекорите и одлуките што ќе ги донесат во наредниот период на економски план.

Работите ќе се одвиваат на следниот начин:

1. Решавањето на оваа сосотјба ќе почне со постепено и континуирано задолжување на државите преку трите најголеми контролори на светскиот финасиски пазар: Федерал резервс, Европаската централна банка и Јапонската централна банка. До крајот на оваа година тоа задолжување ќе биде околу 30 до 50%  од сегашната задолженост на државите. На примерот на Македонија, долгот би ѝ достигнал и до 7 милјарди евра. Овие задолжувања ќе бидат оправдани со заштита на социјалниот и економскиот статус на граѓаните.

2. На компаниите ќе им бидат понудени бескаматни кредити со поволни услови, со кои на одреден временски период  треба да ја задржат стапката на вработеност од драматичен пад и товарот на социјалната компонента делумно да ја платат компаниите. Тоа ќе предизвика дополнителни задолжувања на и онака веќе задолжените компании и тотално нарушувње на нивната ликвидност. Единствен излез, за тие што нема да пропаднат во период од една до две години, ќе биде ново задолжување. Овие задолжувања ќе бидат  со комерцијални кредити со пазарни камати (читај како ќе се догворат банките). Крајниот резултат ќе биде дополнително задолжено стопанство за најмалку 100% повеќе од сегашната вкупна задолженост.

3. Покрај државата и компаниите, оваа состојба ќе предизвика комплетно нарушување и на ликвидноста на секое семејство и поединец. Во оваква состојба не постои можност за остварување ниту на минимални приходи неопходни за преживување. Граѓаните кои имаат некакви средства за „црни денови“, во наредниот период дефинитивно ќе ги потрошат, бидејќи ова се „црните денови“. Веднаш потоа следува единствената можност за задолжување од „евтини државни мали кредити за граѓаните“. Кога и овие мали евтини кредити нема да може да се вратат, ќе се посегне по банкарски кредити. Имајќи предвид дека најголемиот дел од  средствата граѓаните ги чуваат во банките, во услови на вонредна состојба ќе биде лимитиран износот кој ќе можат да го подигаат на месечно ниво. Тоа значи дека ќе немаат можност овие средства да ги користат за интервенирање за вонредни потреби во фамилијата или сопствените бизниси. Ако денес лично на банките им должите 5.000 евра, после оваа ќе им должите најмалку 15.000 евра.

Генерално гледано, државите ќе ја зголемат својата задолженост за 50%, компаниите за 100%, а граѓаните за 300%.

Имајќи предвид дека сите оружја и орудија се во рацете на властите, на граѓаните им останува само една единствена можност: веднаш стопирајте ги сите трошења, освен непоходните трошоци за исхрана, хигиена и здравствена заштита. Доколку располагате со каков било домашен буџет, направете прецизен план тој буџет да го трошите во период од најмалку една година. Гледајте по секоја цена да избегнете дополнителни задолжувања. Тие ќе ве уништат.

Ангел Наков, бизнисмен и граѓански активист

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе