Концепцијата за основно образование како волк во овча кожа

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

На очиглед е тоа дека „креаторите“ на концепцијата за основно образование сакаат да ја укинат историјата поради договорите со Грција и Бугарија и, за да го оправдаат тоа, ги спојуваат не само општествените, туку и природните науки во еден предмет и ја уништуваат уметноста и креативноста кај нашите деца со укинувањето на музичкото и ликовното образование. Да, сето тоа го разбравме и се побунивме. Но, што сокрија, што сакаат на мала врата да внесат преку одвлекување на нашето внимание и како тоа волкот во овча кожа планираат да го пуштат меѓу јагнињата­?

Да почнам со ред.

Според новата концепција за основно образование се планираат и изборни предмети и тоа во 4 категории од кои училиштето треба да направи листа со најмалку 3 предмети од секоја категорија или вкупно 12 изборни предмети кои ќе им се понудат на учениците во секое полугодие и тоа од прво до трето, од четврто до шесто и од седмо до деветто одделение. Во првата категорија спаѓаат изборни предмети со кои ќе се прошируваат знаењата поврзани со задолжителните предмети. Меѓу нив е предметот сексуално образование (за кој нема одлука дали ќе се вика така или сеопфаtно сексуално образование), кој се планира да се изучува од следната учебна година во осмо и деветто одделение во 4 училишта.

Информираа дека пилот програмата е резултат на двегодишна работа на работна група при Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за финансии и ХЕРА и е во насока за идентификување на национални стратегии за подобрување на содржината на сексуалното образование во наставата. Здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување е носител на проектот „Сеопфатно сексуално образование“, а Мери Цветковска е проектна координаторка. Таа истакнува дека сеопфатното сексуално образование опфаќа 7 компоненти: род, врски и односи, тело, слика за телото, сексуално и репродуктивно здравје, сексуалност и сексуално однесување, насилство и граѓански аспект (компоненти определени во наставната програмата It’s All One Curriculum од IPPF). Инаку ХЕРА е член на IPPF (International Planned Parenthood Federation).

И сето ова вака „убаво спакувано“ ќе ви се види како народната „и гомненце во целофанче изгледа како бонбонче“. Ајде да го видиме тоа „бонбонче“.

Нашата земја редовно во извештаите на Обединетите Нации добива оценка дека назадува во имплементирањето на родовата еднаквост. Ете ја замката! Иако целта на воведување на родовата еднаквост на почеток делува благородно, во смисла на обезбедување на еднакви можности за мажите и жените во образованието, стопанството, семејството итн, во пракса се користи за воведување на сеопфатното сексуално образование. Искуствoто на многу земји каде што сеопфатното сексуално образование е веќе спроведено, говори за тоа како волкот се сокрил во овчка кожа (UNFPA: Adolescent Sexual and Reproductive Health Toolkit for Humanitarian Settings.UNESCO: International Guidelines on Sexuality Education).

Имено, токму тоа се случува и кај нас и под маската на родова еднаквост се воведува сексуалното образование за што се спрема терен со веќе изготвен Прирачник за наставници за примена на родова сензитивност во основно образовние, се планираат семинари и обуки, веќе се изврши анкетирање на учениците со прашалници, кои не се транспарентни, ниту во самите училишта, ниту за пошироката јавност, со изговор да не протечат до учениците па тие да ги научеле одговорите или некој да им ги сугерира. Со севкупното сексуално образование кај земјите што го имплементирале во своите образовни системи, се бришат родовите и биолошките полови и децата од најмали години се учат на сексуалност во смисла на видови на секс (орален, анален...), сексуално задоволство (поттикнување на себезадоволување од 0 до 4 години (WHO: Standards for Sexuality Education In Europe), правото на согласност на секс со секој и секого, без разлика на возраст, пол, со човек или животно, со живо или неживо, се охрабруваат децата кои се носители на ХИВ да го скријат тоа и да имаат незаштитен секс со својот партнер (PPFA (IPPF): Healthy Happy and Hot).

Искуствата од западните демократии се дека сеопфатното сексуално образоваине на почеток се воведува во погорните одделенија (како сега кај нас), за потоа истото да се воведе во пониските одделенија, а во некои држави и во градинките (Кога светот полуде). Во овие земји родителите го губат правото да одлучуват дали нивното дете (како посебна единка со свој личен и специфичен развој) да го изучува предметот, ниту пак можат да влијаат на наставните содржини и го губат меѓународно загарантирано право да ги учат сопствените деца како да развијат сопствени вредности.

Во сите тие земји психолозите реагираат преку своите институционални здруженија и ја посочуваат штетата што се прави на детското ментално и физичко здравје, а кај нас психолози префосори на катедрата за психологија во Скопје, како дел од концепцијата за основно образование, со орлови нокти гребат да ја протуркаат истата предводени од професорката Бешка.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско, според биолошката одредница и дека не е важно тоа, ами може и не е грешно и покрај тоа што биолошки е машко или женско слободно да се чувствува поинаку и тоа на дневна основа (Genderbread Person). Па, така денес може да бара да му се обраќаат со тој, а утре со таа, може да се облекува како сака (со фустан иако е машко). Иако за воља на вистината природата прави исклучоци и тоа е тоа, замислете што ќе се случи со децата кои немаат никакви двојби. Да му всадите вакво нешто е страшно!

Уште пострашно е ако родителите реагираат против. Тоа дете во обид да го послуша учењето на наставникот ќе изгради ѕид меѓу него и неговите родители и веднаш доаѓаме во ситуација, побуната на родителите ќе се сфати како дискриминација, жигосување, стереотипизирање и можат да бидат пријавени во социјалните служби од страна на училиштето. Од здрави единки, од најмала возраст се прават единки кои ќе бидат несигурни, збунети и подложни на секакво грешно влијание, се растура семејството кое и онака е веќе загрозено како човекова заедница.

Се уништуваат моралните начела, се уриваат постулатите на тоа дека на човекот и општеството му се неопходни семејството, науката, религијата и моралните начела. Децата ако не ги осознаат овие нешта, нешта на кои генерации и генерации сме свикнати, ќе се отчовечат и ќе ни се случува тоа што сега се случува во Обединетото Кралство каде секој четврт тинејџер е склон кон самоубиство, особено во периодот на пандемијава, кога се „затворени“ во своите домови со своите семејства, кои ги доживуваат како затвор, бидејќи ги изгубиле основните вредности: почит, себепочит, морал, љубов кон човека и кон Бога.

Оваа семе на декаденција во нашата земја и општество најде плодна почва во сегашната власт предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Ве повикуваме вас – родителите да го кренете својот глас и заедно да ги заштитиме нашите деца и внуци од канџите на ова зло, да не дозволиме на оваа Содомска власт да ја продаде нивната иднина, да го загрози нивното ментално и физичко здравје. Децата во детството треба да уживаат како деца, да бидат сигурни дека родителите ќе ги заштитат од учењето дека децата се сексуални од нивното раѓање,  што е сржтта на сеопфатното сексуално образование и е спротивно на нивниот здрав психички и физички развој.

Емилија Богданоска Трифуновска,

член на претседателсвото на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија, ресор образование

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе