Колку пати Заев досега ја разбра пораката и колку „метли“ досега поминаа?

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

„Граѓаните јасно и гласно, на најелегантниот демократски начин ни кажаа - Aло менувај таму нешто оти не ти чини работата“, рече претседателот Зоран Заев во 2019 година по првиот круг од претседателските избори. „Граѓаните ни испратија порака дека има незадоволство од централната и локалната власт, таа порака ја примивме и ќе има чистки”, рече премиерот Зоран Заев на трибината на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, во скопската општина Карпош во 2019-та година.

Да се потсетиме како на премиерот му дадоа метла за чистка во СДСМ и во Владата, по што тој вети - „Секако ќе има чистки и секако дека ќе расчистиме, граѓаните ни испратија порака дека има незадоволство од централната и локалната власт“.

По завршувањето на изборите во 2019-та година најавена беше операцијата „Метла“. Заев рече дека ќе ја спроведе по изборите затоа што во моментот не дозволувал законот. Но, ништо не се промени и Заев не успеа да „замете“ со реформа на кадрите во СДСМ и Владата. Па следуваше акцијата „Не биди ѓубре во СДСМ“ којашто му беше укажана од граѓаните, но Заев не ја спроведе.

Пред седум месеци во март оваа година Заев најави пролетна чистка во партијата и рече: „Доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нашата пролетна офанзива за нов пресврт на политичкото делување на СДСМ и Северна Македонија. Следува реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, ќе внесеме нова енергија во нашите редови ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започнатата борба против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓаните“.

На Конгресот на внатрепартиските избори во СДСМ, претседателот Заев ги уверуваше членовите на СДСМ дека доколку ја добие нивната доверба ќе спроведе најголема политичка акција за промена, почнувајќи токму од својата партија. Новата политика значи реформа на досегашна кадровска понуда на СДСМ. „Никој повеќе во СДСМ нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер, туку да врши должност и да биде служител на граѓаните. СДСМ постои за граѓаните! Ние им служиме на граѓаните! Членската книшка од партијата не значи привилегија, туку уште поголема одговорност”, изјави тогаш Заев.

Тој иако во најавената своја нова политика велеше дека ќе се ангажираат сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот, останаа само празни зборови и во меѓувреме само за неколку месеци на Заев му се случија скандали со: Ден Дончев, скандалот со кинеските провизии, еден од најголемите скандали во поновата историја на Македонија, а тоа е македонската фабрика за пасоши на светки мафијаши и нарко картели со издавањето лажни документи, неколку протести од угостителите, земјоделците, медицинските лица и здравствени работници, набавка на софтверот од заевиот миленик, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и ред стотици други скандали за градоначалниците од СДСМ кои ги обележаа нивните мандати.

За само една година, Владата на Заев беше на удар на голем број протести како резултат на револт и незадоволство за лошите политики. Да се потсетиме на протестите каде илјадници граѓани протестираа против неправдите и криминалот. Протестите за онлајн настава, протестите за повисоките сметки за струја, протестите за загадувањето и депониите, протестите за урбаната мафија, протестите за потценетиот труд на земјоделците, десетиците протести на вработените во Еурокомпозит, протестите на оштетените штедачи од Еуростандард банка, протестите на мајките за укинување на породилно, протестите за оставка на министерот за здравство Венко Филипче за високата смртност од ковид пандемијата, протестите за потпишување на договорот со Бугарија, протестите против „Мафијата на власт“, за нерешените судски случаи и голем број други граѓански активности со кои се изрази револтот и незадоволството. Да потсетиме дека во меѓувреме Македонија ги рушеше сите светски рекорди на листите со справување со пандемијата и остана на дното на листата за корупција од Транспаренси интернешнл. Но, ниту ова не беше доволно за партискиот лидер Заев да се свести за лошите политики и незадоволството од страна на граѓаните, па по само три дена од одржаниот прв круг од локални избори, денес ги ветува истите работи, истата реторика како лани, како и таа од 2019-та. И денес повторно ги ветува истите реформи во копи-пејст обраќањата, метли и чистки за кои, како што рековме погоре, не ги исполни.

На последната конференција за медиуми Заев во грч рече дека добил „жолт картон“, па доколку не ги спроведе реформите, граѓаните ќе му дадат „црвен картон“, но по сѐ изгледа дека малку задоцнил со прес конференцијата бидејќи граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека веќе му доделиле црвен картон. „Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена, би рекол и казна. Ние тој став и тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме. Свесни сме, и јас лично, и партијата, дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки. СДСМ учи, се менува и ги поправа сопствените грешки”, рече Заев и додаде: СДСМ од понеделникот е влезена во процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција и комуникација со граѓаните. Преземаме чекори за подобро разбирање и побрзо реагирање на потребите на граѓаните. СДСМ слуша, се отвора уште повеќе, станува подостапна за народот и ги зајакнува механизмите за брз одговор на потребите. Не од следниот мандат, не после локалните избори, не од наредниот понеделник. Сега. Од овој момент. Од овој момент, СДСМ постапува по насоката која ја даде народот и СДСМ се менува. Како и многутте лаги кажани на претседателот Заев во јавноста, така е и оваа, Заев ниту спроведе чистка, ниту заигра метла во Владата, ниту пак направи реформи во кадрите на СДСМ. Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

Александар Стојановски, Брисел

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе