Колумна

Колку ја чини Македонија аерозагадувањето?

Решението за проблемот со аерозагадувањето во Македонија треба да се насочи кон ново законодавство што ќе воведе транспортен сектор основан на обновлива енергија.

Аерозагадувањето е голем проблем во поголемите градови низ Македонија. Тешката индустрија со железо, застарените транспортни средства, и неефикасните методи за греење на домаќинствата се најчестите причини кои доведоа до сегашната состојба. Овие неефикасности и аерозагадувањето предизвикано од нив имаат значителен негативен ефект врз македонската економија и здравство. Поттикнување на јавноста за причините и нивното влијание може да доведе до ублажување на ризиците преку нивните напори кон државните структури.

Честичките произведени од аерозагадувањето во Македонија доведе до повеќе од 1.350 смртни случаи. Според Светска Банка, во нивниот извештај во март 2014 година, Македонија се наоѓа на петтото место на најзагадени земји во Европа. Голем дел од влијанието врз здравјето може да се најде во Скопје и неколку други производствени зони кои придонесуваат со 45% од здравствените проблеми во целата држава. Од 2014 година навака, Скопје, Тетово и Битола станаа на моменти најзагадените градови во светот поради непреземени мерки од страна на институциите.

Двата типа на честички што се наоѓаат во Македонија се ПM10 и ПM2,5.

ПМ10 честичките можат лесно да влезат во белите дробови и евентуално крвотокот, предизвикувајќи предвремена смрт кај лица со срцеви и белодробни заболувања. Тие исто така можат да доведат до нефатални срцеви удари, неправилно работење на срцето, влошена астма, намалена функција на белите дробови и зголемени респираторни симптоми како што се иритација на дишните патишта, кашлање или отежнато дишење.

ПM2,5 честичките создаваат намалена видливост и магла која може да ги направи езерата и потоците кисели, да го сменат хранливиот биланс на речните сливови, да ги осиромашат хранливите материи во почвата, да ги оштетат шумите и земјоделските култури, да влијаат на разновидноста на екосистемот и да предизвикаат кисели дождови во зависност од нивниот хемиски состав.

Поголемиот дел од честичките доаѓаат од производство на железо, производство на електрична енергија и топлина. Ова се најчестите загадувачи во Македонија:

• Фероалојс индустрија - 44%

• Јавна електрична енергија и производство на топлина - 17%.

• Согорување во производство на обоени метали - 14%

• Поплочување на патот со асфалт - 10%,

• Домаќинства - 8%

• Друго - 7%

Економски, ефектите од аерозагадувањето се преточуваат на илјадници работни дена изгубени на годишно ниво или 253 милиони евра. Оваа бројка учествува со 3,2% од БДП. Недостатокот на примена на нови технологии во индустријата и во домаќинствата доведоа до економските загуби. Ова се случува како резултат на отсуство на интервенција од владата за стимулирање и охрабрување на компаниите да иновираат. Во моментов, програмите за финансирање или заеми поврзани со имплементација на современа опрема во индустријата се минимални или речиси неприсутни. Исто така, програмите се отсутни во стимулирање на домаќинствата за иновации со набавка на нови енергенси што се поефикасни. Програмите се потребни за да се обезбедат решенија за чиста енергија со цел да се замени огромната употреба на дрво за греење на домаќинствата. Минималната употреба на природен гас и обновливите извори на енергија го ограничува поттикот за иновации во повеќе сектори на економијата.

Решението за проблемот со аерозагадувањето во Македонија треба да се насочи кон ново законодавство што ќе воведе транспортен сектор основан на обновлива енергија. Исто така, нови технологии во индустријата би го намалиле  загадувањето што предизвика зголемени здравствени трошоци и загадувачи кои предизвикуваат рак. Силни информативни, регулаторни и стимулативни програми може да создадат сектор за транспорт со ниски емисии заедно со индустрија со минимум загадувачи. Со спроведување на законодавството и стимулациите потребни за да станат фирмите и државата 100% обновливи, Македонија може да стане регионален лидер во светската битка против загадувањето и климатските промени.

За да се постигне целта за да бидеме минимално загадена земја, на релевантните институции и партнери мора да им се пристапи во јавниот и приватниот сектор. Јавните партнери вклучуваат владини институции, како што се Агенцијата за енергетика, Министерството за здравство и Министерството за животна средина и просторно планирање. Партнерите во приватниот сектор се движат од мали и средни претпријатија до големи компании како РЕК Битола, Југохром Фероалојс и РЕК Осломеј. Ние како граѓани треба да ја подигнеме свеста за да го намалат загадувањето. Соработката може да биде можност за поголемите компании да градат кредибилитет и да се поврзат со граѓаните за решавање на проблемите. Ние и нашите идни генерации заслужуваме земја и влада која се фокусира на здравјето и економскиот просперитет на нејзините граѓани.

Стефан Вељановски

(Авторот е доктор по економски науки)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе