Колумна

Карпегзит, или парадоксот на паркирањето во Карпош

Кога резидент од Карпош 3 или 4 ќе посети свој пријател или роднина во Карпош 2 – ќе плати за паркирањето, а кога вториов ќе му ја возврати посетата - воопшто нема да плати за паркирање, иако двајцата уплатуваат даноци во иста општинска каса!

Демократија – општинска:

Претходно беше најавено, а денес и објавено дека почнува Анкетата на Општина Карпош во рамките на населбата Карпош 2 за регулирање на паркирањето возила.

Уште од самиот почеток нешто не ми „штима“.

Имено, Карпош 2 е дел од целата Општина Карпош, и сите граѓани на целата општина даноците ги плаќаат под исти услови, и би требало под исти услови да ги уживаат сите права, па и правото на „слободно паркирање“.

Со предлогот во анкетата, граѓаните – резиденти од Карпош 2 би се избориле да имаат право на бесплатно паркирање од по три возила, додека сите други (вклучително граѓаните – резиденти од Карпош 3 и 4) би плаќале за паркирање на своето возило.

Личи на мини „карпегзит“, нели?

Резултатот би бил: кога резидент од Карпош 3 (или 4) ќе посети свој пријател или роднина во Карпош 2 – ќе плати за паркирањето, кога вториов ќе му ја возврати посетата - нема воопшто да плати за паркирање, иако двајцата уплатуваат даноци во иста општинска каса!

Личи на „што е мое, мое е, а што е твое, наше е“, нели?

Единствено логично би било, за секое возило со налепница за бесплатно паркирање во Карпош 2, истовремено да се наплаќа за слободните паркирни површини во Карпош 3 и 4, само така нема да има неправедно прелевање на денарот од касата на едните во касата на другите.

Се разбира, каков било „егзит“ е легитимно право, но – за свои пари.

Тоа е демократија, нели?

Павел Б.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе