Карпалак и „заедничката историја“ на Македонија и Бугарија

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

За да не се повторува напишаното од мене и од моите колеги, ќе направам една споредба и за еднаш за секогаш да се разбере дека заедничка историја не можат да имаат два народа.

Патот на развивањето на еден посебен народ не може да биде така краток како што сакаат да манипулираат последните години домашните предавници и странските окупатори на македонската историја и посенбост. Развојот и формирањето на еден народ со сите свои елементи трае со векови. Во тој период од неколку векови една група на луѓе или народ општат на ист јазик, споделуваат иста култура, традиции и обичаи кои се различни од другите народи. Како на пример можам Југославија, Советскиот Сојуз, Велика Британија, Чехословачка...

Трн во очите на европските сили им е македонската многувековна цивилизација. Македонскиот народ своите корени ги има уште од античко време преку кралството Македон и нејзините славни првенци Филип Втори и Александар Македонски. Сосема е јасно во историјата дека Македонците биле различен народ од народите на државите Спарта, Атина, Теба и Коринт... Историјата има рсчистено со овај период, но политичките пропаганди и одлуки секогаш се посилни од вистината.

Втората ера од македонската цивилизација е христијанството. Цел свет знае дека христијанството во Европа почнало да се шири од Македонија кога апостол Павле бил повикан од еден Македонец да оди во Македонија. Овај настан е запишан и во Библијата и никој не може да го спори овај историски доказ.

Трета ера од македонската цивилизација е Јустинијановото право кое исто така почнало од Македонија да се шири во Европа. Но, за да се поништи овај историски доказ големите европски сили го наметнаа Римското право во употреба и до ден-денес се именува како такво.

Четврта ера од македонската цивилизација е писменоста која потекнува од Македонија и се шири кон Европа. Имено, Македонците Кирил и Методија, родени солунчани, почнале да ја шират писменоста од Солун, кој патем да спомнам, никогаш во историјата не бил дел од некакво бугарско царство или држава. Сепак за нив писменоста е бугарска.

Петата ера од македонската цивилизација е образованието. Имено прв универзитет во Европа е Охридскиот универзитет формиран од Климент и Наум Охридски. Но големите европски сили го промовираат Болоњскиот универзитет како прв универзитет во Европа.

Кога горе наведеното се разгледува од големите европски сили, тоа не им одговара заради нивните геополитички цели. Затоа во 1878 година беше создадена вештачката Санстефанска Бугарија и затоа се одржа Берлинскиот конгрес во 1878 година каде што се поништува комплетната историја и цивилизација на македонскиот народ. Улогата на големите европски сили е иста како и онаа на Понтиј Пилат кога си ги изми рацете за да докаже дека неговите раце се чисти. И Македонија беше дадена на соседните држави да ја завршат екзекуцијата на македонскиот народ. Македонскиот народ силно се спротистави на модерното уништување на еден народ.

Но да се вратам назад на „заедничката историја“ со Бугарија и Македонија и наводното помирување на Македонија и Бугарија како тоа што го направија Франција и Германија. Овде сакам јасно и гласно да кажам дека споредбата нема никакви допирни точки. Франција и Германија си подадоа рака, формираа историски комисии, но во нивниот случај нема оспорување на францускиот народ од страна Германија како и на германскиот народ од страна на Франција. Овде се става една голема точка за да им биде јасно на политичарите и на „историчарите“ кои се во т.н. мешовита Историска комисија на Македонија и Бугарија.

На крајот доаѓам до поентата која сакам да ја изнесам пред македонската јавност, научниците и политичарите. Ние сакаме да имаме заедничка историја со друга држава, а не сме способни да имаме заедничка историја во Македонија! Како барате и формирате такви предавнички комисии за заедничка историја кога во Македонија од 2001 година до денес не може да се направи споменик за паднатите бранители кај Карпалак и Вејце, а за возврат насекаде се изградени големи споменици на терористите од Косово и од Македонија?  Та нели живееме во една држава? Та нели градевте „едно општество“ за сите?

Јавно барам одговор од кој било политичар, терорист, бранител, историчар или од медиумите во Македонија кои воопшто не се занимаваат со нашата историја од 2001 година до денес, туку ни го перат мозокот и ни фрлаат прав во очите да избришеме историја која е создадена со крв македонска и посеана со македонски коски на комити, партизани и бранители!

Ицо Најдовски Перин, историчар

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе