Колумна

Каква е иднината по пандемијата на ковид-19?

Следниот краток текст е фикција. Или, можеби, сепак не e...

Да кажеме веднаш во почетокот:

Сè ќе биде добро. Светот ќе биде подобро место за живеење по пандемијата на ковид-19. Имате должност и можност да го сочувате животот дотогаш.

Општо:

Човекот ќе доживее предизвик поголем од кој било досегашен, зашто никој жив на нашава сина топка не памети поголем. Ова е важно поради проверената човечка карактеристика да ги чита записите, но да не ги памети досегашните предизвици од историјата.

Секако ќе се потврди во некои случаи дека човек на човека му е волк, но уште повеќе ќе се потврди дека му е и единствен спасител.

Новиот коронавирус не разликува богати и сиромашни, црни и бели, не признава „врски“ и протекции, како да има заврзани очи и мавта со многу остар меч – и затоа е толку страшен за сите. Сепак, тоа нема никаква врска со идејата за демократија или правда, зашто сепак има „омилени “ категории – за жал, во негативна смисла. Има врска само со – предаторството.

Всушност, опасен е поради тоа што е - вирус, еден од најпростите биолошки форми на живот, и претставува ентитет за кој важи правилото што важи подеднакво и во природата и во општеството и, за оваа прилика, ќе го наречеме „универзално правило број еден“ , кое гласи:

„Колку е попрост (попримитивен) оној од другата страна, толку потешко се излегува на крај со него.“

Сите ќе осознаат и ќе запомнат дека парите се шпекулативна категорија земена по договор и дека не вредат ништо во кризни времиња, кога ваквите договори еродираат. (Нешто како: ако имате три килограми јаболка и тројца пријатели, веројатно имате повеќе од некој што има само три милиони на сметка.)

Сепак, ќе има време и за (многу) нови договори, зашто ова нема да биде крај на светот. Овие договори ќе бидат многу интересни, зашто старите принципи на договарање ќе бидат модифицирани со целосно нов алгоритам во свеста на преговарачите по пандемијата, како вирусот да има краткорочно влијание на белите дробови, но долгорочно на свеста.

Да видиме какво влијание ќе изврши пандемијата во различни рамки:

Свет:

Се случуваат нешта за кои до пред само некоја недела ќе помислевме дека се невозможни. Земји од различни континенти ќе се побратимат, на друго место со воен авион ќе стигне помош. Уште утре сигурно ќе има нови изненадувања. Вистинското чувство на изненадување ќе дојде на ред кога ќе отстапат место сегашните чувства на вознемиреност, страв или тага.

Некои поединци ќе се издигнат, други поединци ќе ги привлече гравитацијата.

Некои држави ќе се издигнат, други држави ќе ги привлече гравитацијата.

Овие промени секако ќе се случеа, но пандемијата им дава ворп-брзина.

Некои сметаат дека случувањата укажуваат на почеток на крајот на глобализацијата. Но можно е некои други форми на општествено уредување и движење да доживеат ненадејно урнисување, а токму глобализацијата да продолжи со невидена експанзија.

Кај нас:

Види под „Свет“, седмата буква од сто дваесет и третиот ред.

Заклучок:

Можеби нема да се остварат сите ваши позитивни желби, но сепак:

Сè ќе биде добро. Светот ќе биде подобро место за живеење по пандемијата на ковид-19.

Имате должност и можност да го сочувате животот дотогаш.

Павел Б.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе