Како се толкуваат албанските пораки

Просто е неверојатно како и понатаму, по инерција од деведесетите, Maкедонија се согласува да биде понтонски мост и логистика за притисок врз Србија и создавање на Голема Албанија.

Не останa премногу простор ниту време за недоумици. Верижните настани кои како и секогаш започнаа со вербална агресија, веднаш потоа беа продолжени со насилни провокациии, брутални претепувања и монтирани апсења на Србите, после што уследи и воведувањето на драконските такси за стоките од Србија и БиХ, спротивно на сите преземени меѓународни обврски.

Главно, како и секогаш досега изостана реакција или се појави само по некоја срамежлива изјава за таквото дејствување на најповластениот народ на Балканот од страна на западните партнери, а тоа само суштински ни покажува дека полека но сигурно можеме да почнеме да ги навиваме часовниците, заради сѐ поголемата предвидливоста на настаните кои ни претстојат.

Впрочем, помпезната најава за создавање на пакт за пресметка со Србија, односно дипломатскиот скандал кој покажува како некои од соседите веќе подолго време се на линијата на активно нарушување на односите со Србија, само значи дека забрзано се реактивира политиката од деведесетите. На Србите и Белград треба повторно да им се навлече „лудачка кошула“, а светот треба да се убеди дека Србија (и генерално Србите) се во конфликт со мнозинството свои соседи и ете повторно нанесуват некакво зло, пред сѐ на Македонците и Црногорците.

Тоа што сега сите (некој помалку, некој повеќе) ги мијат рацете од овој дипломатски скандал, не значи дека тој повеќе не е во игра. Напротив. Она што ѝ дава посебен шлагворт на оваа монтировка во обид, секако е улогата на Енвер Хоџај, кој како искусен дипломат, сигурно многу добро знаел што, како и заради што прави.

На крајот на краиштата ги видовме албанските политички лидери кои во последните десетина дена, најавувајќи национално обединување, буквално се натпреваруваа во создавањето на еуфорија и координирано настапувајќи едноставно излегуваат еден од друг, како руски кукли матрјошки.

На крајот, од однесувањето на Албанците можеме да извлечеме девет заклучоци кои во иднина би требало да  ни служат за памет.

Прво, нема откажување од Голема Албанија, ниту меѓу Албанците, ниту во некои од западните центри на моќ кои и досега ги поддржуваа, помагаа и охрабруваа. Постојат само ситни, итри стапици кои ѝ се подметнуваат на Србија во смисла на евентуална промена или корекција на ставовите.

Второ, во оваа фаза создавањето на монструмот Голема Албанија, ќе се одвива исклучиво на сметка на Србија и Македонија, за целосна дезинтеграција на балканскиот православен елемент. Просто е неверојатно дека Македонија (иако сите се свесни каде ова води) и понатаму, по инерција од деведесетите се согласува да биде понтонски мост и логистика за притисок врз Србија.

Трето, сите знаат колку е проблематичен процесот кој се подготвува и какви се последици може да предизвика. Западните партнери такво нешто сигурно никогаш нема отворено да поддржат, но едвај ќе дочекаат да ја аминуваат таа „нова реалност“ до која овој процес неминовно ќе не доведе.

Четврто, Русите постојано апострофираат дека Албанците го дестабилизираат Балканот под закрила на НАТО. Изјавите на албанските функционери се добредојдени за Москва – обвинета во западните медиуми дека таа го дестабилизира Балканот – бидејќи од нив јасно се види кој навистина го дестабилизира овој регион, а на кој му е до стабилноста на истиот.

Пето, сличноста на позициите на Србија и Македонија се огледа во фактот дека времето незапирливо работи за двете држави, имајќи предвид дека забрзувањето на политичките промени на континентот во целост го менува односот на силите (и тоа не само во нашиот регион), па е повеќе од очигледно дека на западниот дел на меѓународната заедница во сите аспекти му се брза да ги доврши започнатите процеси.

Шесто, без оглед на тоа што големо мнозинство од нас сака мир и економски напредок, треба  да се биде искрен и да се каже дека освен драматичен пресврт во односите на Москва и Вашингтон, ништо не може да го спречи конфликтот во најава.

Седмо, политиката претпоставува и препознавање на намерите на околниот свет. Треба сепак да се потсети на зборовите на рускиот филозоф-емигрант Иван Иљин: „Со кого и да имаме работи во меѓународните односи, мораме внимателно и трезвено да ги мериме со мерилото на нивната наклонетост кон нашата национална државност и да не очекуваме од освојувачот - спас, од дробителот - помош, од верскиот развратник - сочуство и разбирање, од унесреќениот – добронамерност, ниту од клеветникот - вистина“.

Осмо, војната не само што штотуку не започнала, туку никогаш не ни завршила. Војните не се само класични воени судири со користење на смртоносно оружје, туку војните се и конфронтации во областа на дипломатијата, внатреполитички граѓански конфликти, информативни војни, финансиско-економски војни, технолошки конфронтациии и на крајот, но не и најмалку важно – психолошки војни.

Девето, животот е борба, секој час, секој ден, на секое место – на копно, на море, во воздухот, во вселената и сајбер просторот. Не дозволувајте нашите деца да бидат втурнати во кланица! И немојте да заборавите дека секогаш ќе се најде некој, некој кој ќе ве праша: А ти сине, на чија страна си?

Иван Стоилковиќ

(Авторот е претседател на Демократската партија на Србите во Македонија)

Преземено од Нови стандарт

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе