БУКА

Јерговиќ: Не ја забележуваме длабочината на својата пропаст и колку се разликуваме од нормалниот свет

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

„Пред 17 години ситуацијата беше драматично лоша, бидејќи луѓето што владееја со нашите друштва и нашите животи беа лоши. Денес, кога гледам, ми се чини дека таквите луѓе се само уште полоши отколку што беа тогаш, особено во Хрватска, бидејќи Хрватска во меѓувреме влезе во ЕУ и веќе не постои потреба за воздржување, веќе не постои потреба да се прават фини, да се прават цивилизирани, културни, не постои никаква потреба за антифашизам, туку можат да се искажуваат оние, што би се рекло, најдолни инстинкти, најдолни емоции и најдолни мисли. Но во сето тоа, она што мене ме обеспокојува, она што ме глода однатре е токму тоа што се затекнувам во ситуација да зборувам нешто што сум го зборувал пред 17 години, со тоа што овој пат можам да бидам целосно сигурен дека тоа што го зборувам го зборувам залудно и имам впечаток дека ние во голема мера ги потрошивме своите животи на нешто што, што би се рекло, отсекогаш било осудено на пораз. Ние сме луѓето што изгубија“, вели Јерговиќ.

„Ние имаме проблем со две работи. Од една страна, тоа фаталистичко доживување на светот и фаталистичко доживување на победата и поразот во животот, а од друга страна, ние ѝ припаѓаме на култура на предодредени победници.

Одраснавме во социјализмот, кој таа култура на победништво ја развиваше на еден малку модифициран начин, но тоа и понатаму беше онаа култура на победништво од нашите епски и херојски денови, а кога велам наши, мислам и на Србите и на Хрватите и на Црногорците и на Бошњаците и на Албанците, кои исто така се наследници на оваа несреќна култура на победа, која всушност тотално ги уназади овие општества во 20 век, а нас и луѓето слични на нас нè доведе во една многу чудна ситуација, по сето она што се случи, да почнеме да размислуваме токму на тоа некако да ја осмислиме таа култура на пораз и едноставно за себе лично и за своите мали внатрешни заедници да смислиме некоја историја, да смислиме некоја приказна што ќе ги објасни нашите животи. И која на крај ќе ја задржи можноста за достоинствено губитништво.“

Еве го целото интервју:

Миљенко Јерговиќ е босанско-херцеговски писател и новинар, романописец, есеист, сценарист и драматург

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе